ГРИЖА ЗА БЕБЕТО ПО РАЃАЊЕТО СО ЦАРСКИ РЕЗ

Соодветно квалификувано лице за реанимација на новороденото дете треба да биде присутно за време на царскиот рез кој се изведува под целосна анестезија, или тогаш кога има можност за загрозување на живото на новороденчето. Кај новороденчињата родени со царски рез постои поголема веројатност за пониска телесна темепратура и термалната нега треба да биде во согласност…

ХЛАМИДИЈАЛЕН УРЕТРИТИС И ЦЕРВИЦИТИС

Потребно е да се дијагностицира болеста и да се третира пациентот навреме за да се избегнат сериозните компликации на пролонгираната или рекурентната инфекција (пелвична инфламаторна болест, неплодност, ектопична бременост). Со цел да се спречи ширењето на хламидијалната инфекција, сексуалните партнери на инфицираниот пациент треба да се прегледаат и третираат. За обемот на испитувања при сомнеж…

ПОСТМЕНОПАУЗНА ХОРМОН – ЗАМЕСТИТЕЛНА ТЕРАПИЈА (ХЗТ)

Конечната одлука за почнување со третман ја донесува пациентката. Дискутирајте ги алтернативите на хормонската терапија. Колку е помлада пациентката при менопауза, толку поскоро треба да се започне со третманот. Додајте прогестерон на естрогената терапија кај жени со интактен утерус. Примарна индикација за посменопаузна ХЗТ е третман на менопаузалните симптоми. Индикации за ХЗТ се менопаузални симптоми…

ИНСЕМИНАЦИЈА И ИВФ

Причините за лош спермиограм често се непознати, затоа третманските опции за машкиот супфертилитет се малку. Доколку квалитетот на спермата е умерено влошен, се употребуваат инсеминација или ИВФ. За време на интраутерината инсеминација (ИУИ), спермата се инјектира во кавумот на матката. Пред тоа, спермата мора да се сепарира („измие“) од семиналната плазма. Во текот на истиот…

НЕПЛОДНОСТ

Околу 15 % од сите двојки страдаат од неплодност во некој период од животот. Во најголем број случаи се работи за намалена фертилност (супфертилност), односно, потребно е повеќе од една година да се забремени. Стерилитетот претставува комплетна неможност да се забремени и е релативно редок. 80-85% од двојките кои имаат сексуални односи без употреба на…

УПОТРЕБА НА ЛЕКОВИ ВО БРЕМЕНОСТА

Употребата на кој било лек во текот на бременоста секогаш треба да биде заснована на јасна индикација. Од друга страна, кој било лек којшто е важен за мајката не треба да биде непрепишан. Терапијата треба да биде испланирана уште пред бременоста и треба да се претпочитаат лекови за којшто постојат искуства за употреба во текот…

OДЛОЖУВАЊЕ НА МЕНСТРУАЛНИОТ ЦИЛКУС

Одложувањето на менструацијата е можно со употреба на прогестерон. Се преферира одложување на времето на менструација пред патување или друг важен настан, но не за време на менструацијата (на овој начин се избегува употребата на лекарства во текот на патување). Жените кои се на комбинирани контрацептивни лекови го користат ова за одложување на менструацијата. Жени…

ЛАКТАЦИСКИ МАСТИТИС

Кога кај мајка која дои ќе се појави висока температура, рана интервенција со употреба на антибиотици е индицирана, со цел да се спречат компликации (на пр., апсцес) (ннд-C). Мајката треба да се охрабрува да продолжи со доењето, со цел да се испразни дојката и со тоа да се забрза закрепнувањето. Стафилококус е предизвикувачки агенс во…

Приска тест

Пренаталните скрининг-тестови се група на тестови, кои му даваат информации на докторот во каква состојба се наоѓа бремената жена и нејзиното бебе. Со помош на Приска-системот, употребувајќи тест-алгоритми и ризик фактори, се генерираат различни калкулации на ризик за добивање на комплетен извештај за точна проценка на високоризични бремености. Ова се многу важни информации за докторот…

СПОНТАН АБОРТУС

Спонтаниот абортус е најчеста компликација на раната бременост. Меѓу жените кои знаат дека се бремени, стапката на спонтан абортус е околу 10 до 20 отсто, додека стапките меѓу сите оплодувања се околу 30 до 50 отсто. Кај оние на возраст под 35 години, ризикот е околу 10 отсто, додека околу 45 отсто кај оние на…