Бременоста трае околу 40 седмици, почнувајки да се брои од првиот ден на последната менструација. Првото тромесечие трае до 13-та недела од бременоста и носи големи промени во телото на жената, кое се прилагодува на растот на бебето. Важно е да разберете дека тоа се нормални промени кои се случуваат од недела во недела од бременоста. Преставува многу нестабилен период во бременоста, бидејќи е најголем ризикот од спонтани абортуси. Во десеттаta недела ембрионот официјално станува фетус, а дванаесеттата недела од бременоста е крај на првиот семестар.
Второто трoмесечие трае од 14-тата до 27-та седмица од бременоста. Оваа трoмесечие носи одредено чувство на олеснување во однос на тегобите кои се присутни во текот на првите три месеци од бременоста. Епизодите на гадење и повраќање полеку се проретчуваат или, пак, исчезнуваат, а бебето во овој период сеуште не е толку големо за да пречи на нормалното функционирање на органите во стомачната празнина.Во овој период еволуцијата на плодот продолжува, тој расте во должина и тежина, се диференцираат органите и постепено почнуваат да ја извршуваат својата функција. Во овој период е можно откривање на полот на идното новороденче.
Третиот триместар е последниот период од бременоста, кој започнува на почетокот на 28-та гестациска недела, а завршува со породувањето. Последното тромесечие е исполнето со многу психички и физички предизвици.Во овие недели бебето зафаќа се поголем простор во матката и неговата големина воочливо станува поголема во однос на количеството на плодова вода. Во последните три месеци плодот се доразвива структурно и финкционално, органите созреваат, а бебето ја добива конечната форма. Времето пред породување идната мајка треба да се фокусира на себе, своето бебе, на одморање и на спиење. Во моментите пред породувањето почести се клиничките прегледеи, каде гинекологот ја проверува положбата на бебето, состојбата на цервиксот, како и чукањето на срцето на бебето. Пред чинот на породување, цериксот се шири и омекнува. Во последните недели од бременоста, ако бремената жена забележи дека активноста на бебето се намалува или изостанува, мора веднаш да се јави кај својот лекар.