МИСИЈА

Бројни медицински достигнувања во државата се остварени во оваа болница, која егзистира повеќе од седум деценции, време во кое генерации здравствени работници го обезбедуваат заслужениот статус на оваа институција, која е најголемо родилиште во Република Северна Македонија.

Нашата цел е перманентно да работиме на унапредување на квалитетот и резултатите на водечка здравствена установа од таа област како во државата, така и на регионално ниво, зачувувајќи го статусот. Тоа го обезбедуваме со долгогодишното клиничко искуство на вработените, со перманентниот професионален развој и преку соработка со релевантните регионални и меѓународни институции.

Mисијата на нашата клиника e обезбедување висок стандард на дијагностика, употреба на континуирана, ефикасна и безбедна здравствена заштита на пациентите, поврзана со едукативна и научно-истражувачка дејност.

Нашиот фокус е и ќе остане да биде пациентот, со кого негуваме врска на почит, меѓусебна доверба и разбирање.

 

ВИЗИЈА

ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство е најголема по број и разноликост на услугите кои ги дава и е единствената здравствена институција во земјава каде на годишно ниво се раѓаат околу 5.000 бебиња.

Во секојдневната работа ние нудиме темелна нега и високо софистицирани медицински процедури за корисниците на здравствени услуги од цела земја и пошироко. Користејќи го врвното академско образование на нашите вработени, решаваме широк спектар на здравствени проблеми, со индивидуален и интердисциплинарен пристап.

Покрај основната здравствена заштита што ја нудиме, ги истражуваме најновите методи на лекување, воведувајќи најнови дијагностички и терапевтски процедури, и притоа придржувајќи се до строги научни критериуми кои се воведуваат во секојдневната работа.

ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје вложува напори во едукација на своите вработени, но е место каде се едуцираат и идни здравствени работници.