Сашо Стојчевски

(Раководител на оддел за малигни болести на аднексите)

stojcevskis@yahoo.com;

Стојкова Даница

(Одговорна медицинска сестра- акушерка на ниво на оддел за малигни болести на аднексите)

ОДДЕЛОТ ЗА МАЛИГНИ БОЛЕСТИ НА АДНЕКСИТЕ има простор, опрема и медицински кадар за извршување на високо специјализирана здравствена заштита (специјалистичко-супспецијалистичка, консултативна, болничка и наставно–научна дејност).

 

Работата во одделот содржи евалуација, припрема и оперативен и постоперативен третман на пациентките со наведената здравствена проблематика, но и пошироко – од други области на гинекологијата, следејќи го принципот на навременост и ефикасност. Истата е прерасподелена во амбулантска мобилизација на пациентките, каде се остварува дијагностиката и поголемиот дел од предоперативната припрема, но и на одделенска, каде се докомплетира истата припрема, се спроведува оперативниот и постоперативниот третман на пациентките, за што одделот е персонално и технички соодветно опремен.

Во текот на работата, пациентките се воглавно третирани оперативно, делумно конзервативно, а делумно за евалуација. Од оперативни интервенции за одбележување се радикалните операции како и сѐ поголем број на лапаросакопски операции, кои преставуваат идна насока на ориентација.

Сите пациентки со онколошки ентитет, задолжително поминуваат низ проценка од страна на Онколошки конзилиум, чија одлука се спроведува во најголем дел од случаите, со поедини исклучоци.  Пациентките со бенигна патологија се припремаат амбулантски, се ставаат во листа на чекање за оперативна интервенција и по ред на чекање се повикуваат според истата листа. Најчесто пациентките се хоспитализираат ден пред оперативниот зафат, со што бројот на болнички денови се намалува ад максимум. Постоперативниот тек кај пациентките се води според модерните трендови на постоперативен менаџмент, со рана мобилизација, соодветна антибиотска и антитромботична профилакса.

Се користат современи тераписки протоколи и методи според препораките од Законот за здравствена заштита, во склад со протоколите од Медицина базирана на докази објавени во Службен весник 2014 година и надополнети во 2015 година.