На кое одделение да се обратам за да извршам оперативен зафат на матка?

Со упат од својот матичен гинеколог, пациентките треба да се јават во амбулантите на општа гинекологија со број 11 или 34, каде ќе ве прегледа гинеколог и, доколку е потребно, ќе ве упати за оперативен третман.

Дали мора само бремени жени да присуствуваат на едукативната школа за психофизичка подготовка или може и секоја друга девојка/жена да присуствува?

Партнерот на трудницата и секој оној кој може да и пружи помош и поддршка во текот на психофизичката подготовка и при чинот на породување, може да ја придружува идната мајка на часовите по психофизичка подготовка.

Училиштето за психофизичка подготовка на бремени жени е во рамки на ЈЗУ У ГАК – Скопје, на приземје. Часовите се одржуваат еднаш неделно со почеток од 18 часот, четири пати месечно, а вежбите се закажуваат од 28 гестациска недела. Телефоните на кои можете да закажете до 16 часот се 78/485- 364, 078/485-356.

Породена сум на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. Каде на клиниката да се обратиме за вадење на извод на родени?

Во call centar кој се наоѓа на споредниот влез на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство се вади извод од матичната книга на родени, за бебињата кои се родени на ГАК. Документите треба да се достават во рок од 24 часа по раѓањето на бебето. Во спротивно, родителите за своето новородено ќе треба да извадат извод од матичната книга на родени во подрачното одделение на Управата за водење на матичните книги според местото на раѓање на барателот.

Во инкубатор на Вашата клиника е моето предвремено родено бебе. Дали може да ми се одобри половина час средба со педијатарот и со моето бебе и каде да се јавам за тоа да ми се одобри?

На одделот за интензивна неонатална нега и терапија ОИНТ при Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје ќе бидете информирани за тоа кога може да се сретнете со педијатарот и кога е најдобро време да го посетите вашето новородено.

За да добиете повеќе информации, јавете се во работен ден во перидот меѓу 13 и 14 часот.

Колку чини испитувањето на хормони?

Важноста на хормоните оди до таму што без нормална функција на хормоните не би можеле да се репродуцираме, да се одржува бременоста,  многу болести и патолошки состојби се врзани со дисфункција на една или повеќе жлезди вклучитечно и самото забременување т.е оплодување кое е невозможно без максимална функционалност и хармоничност на сите жлезди т.е целиот ендокрин систем.

Со упат од матичен гинеколог, пациентката може на Клиниката за гинекологија и акушерство Скопје да прави проверка на хормоните.

Во делот Референтни цени на здравствени услуги во специјалистичко-консултативна здравствена заштита од Ценовникот на ФЗОСМ, под назнаката хормонален статус, пациентите може да се информираат за сумата на испитување на секој хормон, кој е предочен дека треба да го проверите.

Кои се високоризични типови на Хуман папилома вирусот?

Одредени типови на ХПВ се онкогенични (високо ризични) т.е. доведуваат до настанување на малигни болести на одредени места од човечкото тело. Кај жените од 30-65 години потребно е да се направи ХПВ тест на секои 3 години, додека помладите од 30 години треба да се тестираат и со ПАП и со ХПВ тест, според новите клинички упатства. На овој начин, навремено би се утврдило присуството на високоризични ХПВ типови, од кои тип 16 и 18 во дури 72 отсто од случаите предизвикуваат рак на грлото на матката.

За високоризични “high risk” типови на вирусот се утврдени 16, 18, 31, 35, 39, 45, 51, 52, 56, а за нискоризични, односно “low risk” – 6, 11, 41, 43, 44.