Бременоста трае околу 40 седмици, почнувајки да се брои од првиот ден на последната менструација. Инаку, наједноставниот начин за пресметување во кој месец од бременоста сте, се следи преку недели:
1-4 недела = 1. месец
5-8 недела = 2. месец
9-13 недела = 3. месец
14-17 недела = 4. месец
18-22 недела = 5. месец
23-27 недела = 6. месец
28-31 недела = 7. месец
32-35 недела = 8. месец
36-40 недела = 9. месец
Бременоста е поделена во 3 тримесечија, а првото тримесечие е периодот од зачнување до 12. недела од бременоста.
За првото тримесечие, освен возбудата од сознанието дека ќе станете родител, карактеристични физички симптоми се замор, исцрпеност, мачнини, отечени и болни гради, често мокрење, промена на расположенито, киселини… Како што напредува бременоста, најголемиот дел од овие симптоми ќе исчезнат.
Во овој период мора да се промени и рутината што досега била секојдневие, а
бремената жена, за да ги избегне мачнините, големите оброци мора да ги замени
со помали, но почести оброци. Ова е период кога треба да почнете да се подготвувате
и за промените кои со тек на бременоста ќе ги претпрпи вашето тело.
Второто тримесечие трае од 13-та до 28-та седмица од
бременоста и тоа е период во кој кај повеќето жени мачнините и исцрпеноста
исчезнуваат. Споре дискуствата, второто тримесечие од бременоста е полесно и од
првото, но и од последното – трето тримесечие.
Сепак, во тој период може да се појават болки во грбот и стомакот, темните
кругови околу брадавиците (ареолите), стануваат потемни, на средина на стомакот
може да се забележи темна линија (линеа негра), која исчезнува по породувањето.
Во ова тримесечие се појавуваат и првите стрии, но и не е исклучено да се јават темни флеки на кожата, кои исто така исчезнуваат по породувањето.
Третото тримесечие трае од 29. до 40. седмица и со него завршува бременоста.
Најчесто во третото тримесечие се јавуваат потешкотии во дишењето, заради
притисокот на матката врз белите дробови, но тоа не е опасно ниту за мајката,
ниту за бебето. Во овој период се јавува потреба и од зачестено мокрење.
Отекување на глуждовите, проблеми со спиењето, болки во стомакот и лажни, но понекогаш и вистински контракции, го одбележуваат третото тримесечие.
За да може навремено да реагирате, дознајте кои се симптомите на прееклампсија и предвремено породување. Инаку, како што се приближувате до крајот на бременоста, вратот на матката ќе станува поистенчен, помек и ќе почне да се отвора, што предизвика засилен вагинален исцедоки најава дека денот на породување наближува.