Првиот човек на истражувачкиот центар во Лондон, Николаидес Кипрос, во Скопје одржа предавања и покани доктори од гинекологија за едукација во Лондон и во Грција, каде може да ги научат најновите методи во феталната медицина.
Посебен акцент светскиот професор стави на вештачката интелигенција и на пренаталниот скрининг, каде објасни дека прегледите ќе бидат со апарат што за неколку секунди ќе даде дијагонстика, налик на прегледите од серијата „Ѕвездени патеки“. Исто така со помош на вештачката интелигенција досегашните две години едукација ќе бидат скратени на ефективни шест месеци.
– Неколку компании ја вклучија вештачката интелигенција во нивната работа и со помош на трансдуктор се прави преглед еден, два, три, четири, пет, шест и за неколку секунди може да се каже колку бебиња има: едно, две или повеќе. Како е поставено бебето со главата надоле или нагоре – изјави Николаидес Кипрос.
Клиниката за гинекологија и акушерство под покривителство на Кипријанос ја има отворена единицата за фетална медицина. Професорката Ана Павлова Данева објасни дека се овозможува знаења за скринингот на фетални неправилности кај плодот уште во утробата на мајката, како и акцент на високиот крвен притисок кај трудницата.
Професорот вчера беше на клиниката каде со директорката на клиниката Ирена Алексиоска Папестиев и заедно со колегите разговараа за сите потребни едукации и опрема што ја има клиниката и можноста доктори од ГАК да заминат на едукација во Лондон и во Грција. Проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев во 2009 година била негов студент.
Еминентниот професор посебен акцент стави во делот на потребно едукација во целиот работен век, бидејќи тоа прави подобар доктор и грешките се помали.
извор: телевизија Канал 5