Како и секогаш, врвните експерти од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје од 29.06 до 03.07.2025 година земаа учество на 22 Светски конгрес на фетална медицина кој се одржа во Прага. Над десетина експерти од нашата клиника ги следеа предавањата и обуките на светски најдобрите перинатолози на повеќе теми, како што се: пренатална дијагностика, фетални интервенции, неуросонографија, фетална кардиологија, генетика и др.
Свои предавања имаа Prof. Dr. med. Nikolaides Kipros,Prof. Dr. med. Rabih Chaoui, Prof. Dr. med. Valentina de Robertis, Prof. Dr. med. Roberto Romero, Prof. Dr. med.Marylane Levis и многу други еминентни доктори од областа.
Како дел од исклучителните предавања ги издвојуваме оние на светски познатиот Prof. Dr. med. Rabih Chaoui кој зборуваше за најбитните трикови во дијагностиката за тоа како да не превидите фетални кардиопатии.
Prof. Dr. med. Rabih Chaoui заедно со познатата Prof. Dr. med. Marylane Levis имаа исклучително корисно предавање за употребата на вештачката интелегенција во детекцијата на тешки дефекти на фетално срце.
Prof. Dr. med. Valentina de Robertis, одржа предавање на тема „Индикации за фетална ехокардиографија: консензус и контроверзи“.
Prof. Dr. med. Roberto Romero ја водеше сесијата за предвремено породување.
На конгресот во Прага во моментот присуствуваат 3000 делегати.
Следејќи ги најсовремените текови во светската медицина, нашите доктори своето знаење и меѓународно искуство го применуваат кај нашите пациентки со цел најдобра грижа за феталниот развој на вашето бебе и за здравјето на мајката.