Изминатиот викенд во Дојран се оддржа работилница организирана од Македонска асоцијација за фетална медицина (МАФМ) во соработка со Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство и Алкалоид!
„Посебно благодарение до сите учесници и предавачи, кои што помогнаа за овој дводневен состанок да биде полн со интересни предавања и интерактивна едукација, за да се дискутираат новите достигнувања во областа на фетална медицина“, велат од Македонската асоцијација за фетална медицина.