Македонска делегација предводена од членови на Националната комисија за рана детекција и скрининг на рак на грло на матка на Република Северна Македонија, Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство и претставници на UNFPA, учествуваа на Годишниот форум на Регионалната алијанса за превенција на рак на грлото на матката во Источна Европа и Централна Азија, што се одржа во Истанбул, Турција, од 5-7 ноември 2024 година.
На форумот, нашата делегација го презентираше напредокот на ХПВ вакцинацијата во Северна Македонија, која сега го надминува регионалниот просек.
Во тек на форумот ги презентиравме плановите за имплементација на ХПВ базиран скрининг за рак на грлото на матката, како значаен чекор во подобрувањето на раното откривање и превенцијата.
Во тек на настанот се воспоставија значајни средби со регионални експерти, поврзани со етаблирање на идни соработки, од кои се надеваме на особен придонес во воспоставувањето на планираните програми за подобрување на раното откривање и навремено лекување на ракот на грлото на матката кај жените во Северна Македонија.