Соодветно квалификувано лице за реанимација на новороденото дете треба да биде присутно за време на царскиот рез кој се изведува под целосна анестезија, или тогаш кога има можност за загрозување на живото на новороденчето.
Кај новороденчињата родени со царски рез постои поголема веројатност за пониска телесна темепратура и термалната нега треба да биде во согласност со соодветната пракса во областа на термална нега на новородени деца.
Треба да се обезбеди ран контакт кожа на кожа помеѓу новороденчето и мајката бидејќи на тој начин се подобрува мајчината перцепција за новороденчето, се подобруваат мајчините вештини, однесувањето на мајката, исходите на доењето и се намалува плачењето на новороденчето.
Жените кои се породиле со царски рез треба да добијат дополнителна поддршка за да им се помогне што побрзо по раѓањето на детето да започнат со доење. Ова е поради фактот што жените породени со царски рез имаат помали изгледи да почнат со доење во првите неколку часа по породувањето, меѓутоа откако ќе започнат со доење тие ќе продолжат исто како и жените кои се породиле вагинално.