Ендометриозата е болест, при која се случува ендометриумот (внатрешниот слој на матката) да почне да се шири и надвор од неа. Ендометриозата се проширува на површината на органите во малата карлица и во стомакот.
Ендометриозата најчесто ги зафаќа јајчниците или просторот околу нив; јајцеводите; зад матката; лигаментите кои ја држат матката; цревата и многу ретко може да се рашири на белите дробови или на други органи.
Еден од главните симптоми е болка во долниот дел од стомакот, малата карлица или во долниот дел од ‘рбетот. Симптоми кои најчесто се јавуват се естремно болна менструација; хронична болка во малата карлица или долниот дел на ‘рбетот, болка за време на сексуални односи, болка во цревата, болно мокрење на време на менструацијата; обилна менструација; крвавење помеѓу две менструции или спотинг (благо точкасто крвавење) пред добивање на менструација, како и неплодност. Практично, околу 30-40 % од жените со ендометриоза се соочуваат со неплодност.
Ендометриозата може да се појави кај која било жена од периодот на добивањето на првата менструација, па се до менопаузата. Понекогаш може да се случи да продолжи и после менопаузата.
За сто отсто точно дијагностицирање на ендометриозата потребна е дијагностичка лапароскопска операција.
Најчесто во третирање на ендометриозата се користат лапароскопска операција за да се одстрани ендометријалното ткиво, прираслици, цисти, лузни ит.н. Најчесто ова не е траен лек, па се користи ИВФ третман после лапароскопската операција, но понекогаш и без операција. Понекогаш во случаи на тешка ендометриоза, како последен избор, но само доколку жената нема намера повеќе да раѓа, може да се изврши и хистероктомија, односно отстранување на матката.