Главна причина за неплодност кај жените е проблем со овулацијата, што често е поврзано со постоењето на синдромот на полицистичпни јајчници (PCOS), што се третира мошне успешно со хормонални лекарства.
Непроодните јајцеводи, како причина се јавуваат што обично доаѓа после инфекција со кламидија, гонореја и сл. Исто така јајцеводите може да се запушат и заради ендометриоза или непозната причина. Третманот е лапароскопска операција или ИВФ.
Иако не значи дека жената со ендометриоза задолжително ќе се соочи со неплодност, сепак 30-40% од жените со ендометриоза го имаат тој проблем. Ендометриозата може да се одстрани лапароскопски. Миомите не се канцерогени, но понекогаш зависно од местото на кое се наоѓаат може да доведат до неплодност. Се одстрануваат со хируршки зафат.
И вродените дефекти на матката создаваат проблем со плодноста, но и таа пречка се решава со хируршки зафат. Понекогаш и имунолошкиот систем на жената може да ги напаѓа сперматозоидите или пак ембрионот.
Сепак, кај стерилитетот мора да се има предвид дека значително влијае и возраста кај жената. После 35-та година кај жената плодноста почнува забрзано да опаѓа.
Постои и идиопатска неплодност, односно, за околу 10-20% од неплодноста причината не може да се утврди. Кај овакви случаи обично се применува инсеминација или ИВФ.
Има уште голем број причини за женскиот стерилитет, па од тука и секој фактор кој придонесува за хормонална нерамнотежа.
Повеќето здрави жени на возраст под 30 години не треба да се грижат за неплодноста, освен ако тие веќе се обидуваат да забременат, во период од најмалку една година. Во тој момент, веќе треба да разговараат со своите лекари за евалуација на плодноста. Жените во нивните 30-ти години, кои се обидуваат да забременат повеќе од 6 месеци треба да разговараат со лекар.