Со триесетина слушателки во живо и со 90 вклучени онлајн од експозитурите на НЛБ ширум државата докажавме колку оваа тема е актуелна, недоволно позната за сите кои одат или веќе се во таа фаза на животот.
За менопаузата гласно и отворено, сплотени и вработените и докторите заедно со нив.
Пофалби до НЛБ која покажува грижа за здравјето на своите вработени, за отворените порти за нашите вработени да бидеме нивни гости, за големиот интерес на вработените и многуте прашања кои поттикнуваат на тоа дека ова не треба и не смее да запре.
Затоа ви најавуваме и кабинет за менопауза во склопот на ГАК кој веќе се осмислува. Следете не и навремено бидете информирани за се на оваа и други теми.
Информирајте ги своите пријателки, своите мајки, своите роднини.
Ваквата информација е мал подарок за секоја жена.
На едукативната трибина во НЛБ свое излагање имаше доц. д-р Ива Малахова Ѓореска и Ангела Китановска, инструктор по електро-мускулна стимулација.
Пристапот во менопаузата е мултидусциплинарен.
Продолжуваме во други работни организации, поблиску до жената, поблиску до проблемот, побрзо до решението.