Луѓето настојуваат да го минимизираат количеството на алкохол кое го консумираат, па и кај мајчините здравствени услуги важи истото правило. Бремените жени кои употребуваат алкохол и дроги се ризични бремености треба колку е можно порано да се препратат во клиника за менаџмент и следење. Еден до два стандардни пијалоци неделно се сметаат за умерена употреба за време на бременоста. Лимитот за ексцесивна употреба на алкохол за време на бременоста е дефинирано како консумирање на најмалку 5 пијалаци алкохол наеднаш или повеќе од 10 пијалаци неделно (1 пијалак = 12 грама чист алкохол).
Спонтана дискусија за алкохолот е најдобар начин да се дознае колку алкохол консумира бремената жена. Во многу држави, консумирањето на алкохол се смета за нормален дел од животот: кај овие култури пиењето на алкохол за време на бременоста треба да се дискутира детално, но во неутрален стил. Бремена жена често кажува дека пие алкохол малку или воопшто. Корисно е да се праша да прецизира колку е тоа „малку“, односно колку пијалаци неделно, сметано како шишиња пиво или чаши од вино. Ексцесивна употреба на алкохол предизвикува: ризик за губиток на бременоста, ризик за инфекција на утерусот и на феталните мембрани, застој во феталниот раст, ризик за малформации, неразвивање на мозокот, недостаток на кислород, со можно оштетување на мозокот и фетална смрт, како и фетален алкохолен синдром и фетални алкохолни ефекти (парцијален FAS-fetal alcohol spectrum disorders).
Секоја жена треба детално да се интервјуира. Ако се открие дека бремената жена консумира алкохол редовно неколку пати неделно или секој викенд, треба да се упати во соодветна клиника. Во клиниката жената се советува да учествува редовно во програмата за следење и да ѝ се објаснат консеквенците од употребата на интоксикантот и таквиот начин на живот врз бременоста и состојбата на детето. Фреквенцијата на контролите треба да се одреди индивидуално и зависи од состојбата на жената.
Употребувањето на дроги е секогаш ризично за време на бременоста. Повеќето кои консумираат дроги не признаваат доброволно, па затоа треба добро да се интервјуира. Тоа може да открие мали работи кои од друга страна може да помогнат за откривање на тоа колку пациентката е искусна во однос на користењето на дроги.
Тетрахидроканабинол (THC) е активна состојка е која лесно минува низ плацентата. THC не е посочен дека причинува малформации кај фетусот или го зголемува ризикот од абортуси, сепак ја зголемува инциденцата на новороденчиња мали за гестациската старост. Експозицијата на фетусот на амфетамини може да предизвика срцеви дефекти, микроцефалија и ментална ретардација. Апстиненцијални симптоми се чести кај новороденчињата: покачен крвен притисок, абнормален плач, тешкотии во цицањето и повраќање.
Употребата на опиоиди е асоцирана со аномалии на уринарниот тракт, мозокот и срцето.
Ако бремената жена признае дека има експериментирано со дроги, треба да се упати во соодветна клиника. Улогата на клиниката е да ѝ даде на пациентката детална информација за ефектите од дрогите врз бременоста и плодот, како и да се следи растот, развојот и состојбата на плодот. Бремената жена треба да биде мотивирана да партиципира во програмата за одвикнување како амбулантски третирана или како дел од единицата за одвикнување од зависности. Во некои држави законите вклучуваат клаузула за неволонтерски третман кога волонтерските мерки не можат да се спроведат или се покажале како неадекватни, така што здравјето или животот на пациентката се загрозени. Краток неволонтерски третман може некогаш да биде индициран доколку мајката ги разбира последиците од злоупотребата подобро откако таа била присилена да се отрезни и потоа може да биде помотивирана за обид за откажување.