Причините за лош спермиограм често се непознати, затоа третманските опции за машкиот супфертилитет се малку. Доколку квалитетот на спермата е умерено влошен, се употребуваат инсеминација или ИВФ. За време на интраутерината инсеминација (ИУИ), спермата се инјектира во кавумот на матката. Пред тоа, спермата мора да се сепарира („измие“) од семиналната плазма. Во текот на истиот циклус може да се индуцира овулацијата за да се подобрат шансите за забременување.
ИВФ (ннд-C), со сперма од партнерот или донаторска, може да се користи речиси кај сите типови неплодност. Последните години, интрацитоплазматската спермална инјекција (ICSI) стана метод на избор за третман на машката неплодност. Резултатите од третманот со ИВФ и ICSI зависат од возраста на жената, причината за третман, претходната историја на неплодност и бројот на претходните третмански обиди.
Синдромот на оваријална хиперстимулација (OHSS) е најсериозната компликација од третманот на неплодноста.
Превенција
Репродуктивното здравје може да се подобри со превенција и оптимален третман на хламидијалната инфекција, одржување на нормална телесна тежина, разбирањето на ефектот на возраста врз фертилноста и воздржување од пушење. Покрај мерките за поддржување на здрав животен стил, потребно е да се зголеми сексуалната едукација и едукацијата за неплодност во школите И понатамошните можности за едукација треба да се зголемат.
Жена која планира бременост треба да применува добро балансирана исхрана.
Најтешката задача која се исправа пред специјалистот за третман на неплодност е прашањето за сопирање на третманот. Сите иследувања и третмански опции кои се изведени треба внимателно да се објаснат на двојката. Во исто време, треба да се објаснат и можните причини за неуспех. Потоа, треба да се процени и можноста за настанување на бременост без третман. Ако двојката така сака, треба да ѝ се дадат информации за адопција. По неуспешен третман, треба да се процени дали на двојката и треба психолошка поддршка и советување.
Речиси, секој кој се соочува со неволна неплодност ќе доживее инфертилна криза од некој степен. Не постои почетна точка на оваа криза и двојката може да се соочи со неа во различно време. Исто така, и крајот на кризата е постепен. Неплодноста секако ќе предизвика различни чувства: срам, жал и чувство на безвредност и понижување. Чувството на безвредност е често како и одбивноста за надворешна помош за најинтимниот дел на животот на двојката. Тешко е да се справи со болката и тагата предизвикана од немање деца. Обата партнера треба да се охрабрат, поединечно или заедно, да бараат нови вредности во животот.
Третманот на неплодноста е и физички и психолошки оптоварувачки. Иако третманот цели кон позитивен исход, двојката може да има проблем да го надвладее тоа што може да предизвика конфликтни чувства кои само го влошуваат основниот проблем, т.е. неплодноста. Од двојката може да биде побарано да донесе тешки одлуки кои може да имаат далекусежни последици во нивните животи како и во животот на детето родено како резултат од третманот, на пример, кога е потребна донација на сперма. Сепак, модерните третмански модалитети носат надеж и помош, и им помагаат на најголемиот број двојки да зачнат.