Врз основа на член 30 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници, (Сл.весник на РМ бр.27/2014,199/2014,48/2015,5/2016,142/2016,11/2018) и (Сл.весник на РСМ бр.275/20219 и 14/2020, 215/2021), Правилникот за формата и содржината на интерен оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас(Сл.весник на РС М бр.11/15 и 35/18), Правилникот за систематизација на работни места на на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје бр.0101-2363/1 од 04.11.2019 година, бр. 0101-182/15 од 27.12.2021 година, Позитивно мислење за измена и дополнување на годишен план за вработување за 2022 година бр.04-181/6 од 03.03.2022 година од Министерство за информатичко општество и администрација, како и добиена Согласност од Министерство за финансии за обезбедени финансиски сретства бр.04-295/1 oд 17.02.2022 година, ЈЗУ УКлиника за гинекологија и акушерство-Скопје објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2022
за унапредување на административен службеник
Интерниот оглас се објавува за унапредување на 1 (еден) административен службеник во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство за следното работно место:
- ЗДР 01 02 Б02 002 Раководител на сектор за административно правни работи и управување
со човечки ресурси – 1 (еден) извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Законот за административните службеници и актот за систематизација на работните места:
- Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа Правни науки и Наука за книжевноста.
- Работно искуство: најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор;
Општи работни компетенции на напредно ниво:
- решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење ;
- финансиско управување
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- положен испит за административно управување
Распоред на работно време:
- работни денови: од понеделник до петок
- работни часови неделно: 40 часа
- работно време: 8:00-16:00
Паричен нето износ на плата: 30.708,00
Kандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
- потврди за успешно реализирани обуки,
- потврди за успешно реализирано менторство.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, кој покрај општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за административни службеници и во актот за систематизација ги исполнува и следните услови:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување;
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
- да поминал најмалку две години на тековното работно место;
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас
Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава за унапредување преку архивата на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство до Одделението за правни, нормативни работи и човечки ресурси и до службената електронска адреса на ukginekologija@zdravstvo.gov.mk со назнака за интерен оглас.
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на огласна табла на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и веб страната на Агенцијата за администрација.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оргиналот.
Напомена:
Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнетата пријава, нема да се разгледува.
Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка.