Врз основа на член 155-ж став 2 и 3, член 156, член 157 алинеја 2, член 160, член 162, 164-б став 1 од Законот за здравствена заштита како и Согласноста за oбезбедени финансиски средства од Министерство за финансии број 04-602/12 од 01.06.2023 година, согласно член 30 и член 31 од Статутот на Клиниката, a согласно Одлуката за распишување на интерен оглас за унапредување на здравствени работници со архивски број 04-970/2 од 08.06.2023 година, Директорите на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство ја донесоа следната објавуваaт:
ИНТЕРЕН ОГЛАС
за унапредување на здравствен работник
1. Се распишува интерен оглас за унапредување на здравствен работник за следново работно место:
– Доктор на медицина на оддел пуерпериум со шифра ЗДР 0301А17001 -еден (1) извршител
2. Кандидатите треба да ги исполнат општите услови предвидени во Законот за здравствена заштита :
– да е државјанин на РСМ
– да е полнолетен
– да има општа здравствена способност
– да не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење професија, дејност или должност
3. Покрај со закон утврдените општи услови, кандидатите треба да ги исполнат следните посебни услови:
– завршено високо образование со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Медицински факултет;
– положен стручен испит;
– лиценца за работа;
– постигнат просечен успех од сите предмети на сите циклуси на универзитетски студии кои ги завршил кандидатот од најмалку осум (во натамошниот текст: просечен успех);
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место;
– со или без работно искуство;
– да поминал најмалку две години во непосредно пониско работно место од работното место за кое е објавен интерниот оглас;
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамките на иста категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
– да не му е изречена дисциплинска мерка или мерка за намалена работна успешност во период од 12 месеци пред објавување на интерниот оглас
– работно време од 40 часа неделно
– основна нето плата 38.858,00 денари
Кандидатите треба да достават:
– пријава со лична биографија (CV) задолжително со податоци за контакт (адреса на живеалиште или престој, број на телефон и емаил адреса) и мотивационо писмо;
– уверение за државјанство на РСМ не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
– лекарско уверение за општа здравствена способност не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
– уверение-потврда дека не е изречена правосилна забрана за вршење на професија, дејност или должност не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
– диплома или уверение со просечен успех за завршен медицински факултет, (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
– доказ за положен стручен испит (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
– лиценца за работа (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
– доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
– сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
– решение за одобрена специјализација по специјалноста педијатрија (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
– доказ за работно искуство доколку го има (оригинал или фотокопија заверена на нотар).
4. Работоводниот орган на здравствената установа спроведува интервју и донесува одлука за избор на кандидат.
5. Рокот за пријавување на интерниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот.
6. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци, во спротивно нецелосната и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата.
7. Пријавата со целокупната документација да се достави до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје на адреса ул.Мајка Тереза бр.17 по пошта или во архивата на Клиниката со назнака за интерен оглас.