Врз основа на член 155-в, 155-ж став 2 и 3, член 157 алинеја 2, член 162 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија бр.43/12, бр.145/12, бр.87/13, бр.164/13, бр.39/14, бр.43/14, бр.132/14, бр.188/14, бр.10/2015, бр.61/15, бр.154/15, бр.17/16, бр.37/16 и 20/19 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/19, бр.153/19, бр.180/19, бр.275/19, бр.77/21, бр.122/21, бр.178/21, бр.150/22, бр.236/22, 199/23 и 236/23, 30/24, 74/24 и 170/24), како и Согласноста за oбезбедени финансиски средства од Министерство за финансии број 04-1055/12 од 11.12.2024 година, a согласно Правилникот за систематизација на работни места на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје бр.0101-2362/1 од 04.11.2019 година, Позитивно мислење за изменет годишен план за вработување од Министерство за информатичко општество на РСМ бр. 04-23/6 од 26.01.2024 година, Одлуката за распишување на интерен оглас за унапредување на здравствени работници со архивски број 04-1717/1 од 11.12.2024 година, ВД Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство објавува:
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за унапредување на здравствени работници
- Се распишува интерен оглас за унапредување на здравствени работници за следните работни места:
- Дипломирана медицинска сестра-акушерка на оддел родилни сали со шифра ЗДР0301Б03001 еден (1) извршител ;
- Медицинска сестра-специјалист на оддел за анестезиологија и реанимација во перинатологијата со шифра ЗДР0301Б03002 еден (1) извршител;
- Дипломирана медицинска сестра-акушерка на оддел за анестезија и реанимација во дневна болница и минимално инвазивна хирургија со шифра ЗДР0301Б03001 еден (1) извршител;
- Дипломирана медицинска сестра-акушерка на оддел за анестезиологија и реанимација во гинекологијата со шифра ЗДР0301Б03001 еден (1) извршител;
- Дипломирана медицинска сестра-акушерка на оддел за интензивно лекување и реанимација со шифра ЗДР0301Б03001 еден (1) извршител;
- Дипломирана медицинска сестра-акушерка на оддел за третман на болка во перинатологија и гинекологија со шифра ЗДР0301Б03001 еден (1) извршител;
- Друг дипломиран здравствен работник со високо стручно образование на оддел за цитолошко-лабораториска дејност со шифра ЗДР0301Б03007 двајца (2) извршители;
- Дипломирана медицинска сестра-акушерка на оддел за стерилизација со шифра ЗДР0301Б03001 еден (1) извршител;
- Дипломирана медицинска сестра-акушерка на оддел за пренатална дијагностика и фетална терапија со шифра ЗДР0301Б03001 еден (1) извршител ;
- Сите кандидати треба да ги исполнуваат општите услови предвидени во Законот за здравствена заштита :
- да е државјанин на РСМ;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност;
- да не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење професија, дејност или должност
- Покрај со закон утврдените општи услови под точка 2, сите кандидати треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
- високо стручно образование од областа на медицината и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС;
- активно познавање на компутерски програми за канцелариско работење;
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- да поминал најмалку две години во непосредно пониско работно место од работното место за кое е објавен интерниот оглас;
- да не му е изречена дисциплинска мерка или мерка за намалена работна успешност во период од 12 месеци пред објавување на интерниот оглас
Распоред на работно време:
- работно време од 40 часа неделно во смени
- основна нето плата 36.907,00 денари
Кандидатите треба да достават:
- пријава со лична биографија (CV) задолжително со податоци за контакт (адреса на живеалиште или престој, број на телефон, емаил адреса) и мотивационо писмо;
- уверение за државјанство на РСМ, не постаро од 6 месеци;
- лекарско уверение за општа здравствена способност , не постаро од 6 месеци;
- уверение-потврда дека не е изречена правосилна забрана за вршење на професија, дејност или должност, не постаро од 6 месеци;
- доказ за положен стручен испит;
- сертификат за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски,француски, германски);
- сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење.
НАПОМЕНА: ЦЕЛОКУПНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ВО ПРИЛОГ НА ПРИЈАВАТА ТРЕБА ДА БИДЕ ВО ОРИГИНАЛ, ИЛИ ФОТОКОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.
- Работоводниот орган на здравствената установа спроведува интервју и донесува одлука за избор на кандидат.
- Рокот за пријавување на интерниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот.
- Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци, во спротивно нецелосната и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата.
- Пријавата со целокупната документација да се достави до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство на адреса ул.Мајка Тереза бр.17 по пошта или во архивата на Клиниката со назнака за интерен оглас.