Кенгурирање или кенгурската нега на мајката, која уште се нарекува и нега преку контакт кожа на кожа, е техника на згрижување на новороденото во текот на престојот во болница и по пристигнувањето дома. Кенгурирањето најчесто се користи за недоносени бебиња со ниска родилна тежина, за кои постои поголема веројатност да страдаат од хипотермија.
Со поставување на новороденчето во директен контакт со кожата на еден од родителите, на новороденчето му обезбедува физиолошка и психолошка топлина и поврзување. Стабилната телесна температура на родителите помага да се регулира температурата на новороденчето полесно отколку инкубатор и овозможува лесно достапно доење кога мајката го држи бебето на овој начин.
Со оваа метода се подобрува доењете, а може да доведе и до подобрена стабилност на срцето, и подобрено дишење на бебето. Во оваа метода бебињата се поставуваат во исправена положба на голи гради на еден од родителите, односно т.н. положба стомак на стомак. Главата на бебето треба да е над срцето на родителот.
Оваа метода првпат е применета во Богота, а иницијалните иследувања покажале големо намалување на смртноста на новородените деца од 70% на 30%. Методата кенгурска нега првично била развиена во 1970-тите за да им се пружи соодветна грижат на недоносените доенчиња во земји каде што инкубаторите или биле недостапни или несигурни. Постојат докази дека кенгурурањето е ефикасно во намалувањето на смртноста кај новороденчињата и ризикот од инфекција стекната во болниците, но исто така и за зголемување на стапката на доење и зголемување на телесната тежина.