Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се добива, така и за третмански цели.
Киретажата е сигурна процедура која се извршува поради ирегуларно или преголемо крвавење. Ирегуларно крвавење е кога има крвавење меѓу два нормални менструални периода. Крвавење со долг и тежок период, како и крвавењето после менопауза сигнализира за голем број на проблеми.
Со киретажата се вади ендомериум од утерусот и се врши микроскопско испитување на изваденото ткиво од страна на патолог кој ја дава дијагнозата. Причини за ирегуларно крварење може да се полипи, што е честа појава. Процедурата започнува со дилатација т.е. со проширување на цервиксот на матката со цел дел од нејзиниот ендомертиум да биде отстранет со гребење или ушмукување (киретажа).
Ирегуларно крвавење е кога има крвавење меѓу два нормални менструални периода. Причини за ирегуларно крварење може да се полипи, што е честа појава и се јавува дури и кај 20% од жените, како и ендометријален тумор.
Терапевтската киретажа се користи кога причината е веќе позната, како на пример при спонтан абортус или пак, по породување, кога има остатоци од плацентата која нецелосно се одделила од утерусот.
Целокупниот процес трае околу 15 до 20 минути, а времетраењето на закрепнување е краток. Пациентките можат да почуствуваат само болка до мал интензитет.