Во текот на бременоста кај трудницата може да настанат компликации како прееклампсија, еклампсија, пацента превија, гестациски дијабет.
Прееклампсијата се јавува после 20-та седмица од бременоста и се одликува со висок крвен притисок и зголемено количество на протеини во урината. Освен отоците, кои се карактеристични за преклампсијата, се јавуват и болки во горниот дел од стомакот, под ребрата, проследени со тешки главоболки.
При еклампсија, најтешкиот облик кој е опасен по живот за мајката и бебето, доаѓа до конвулзии, кои се слични на епилептични напади, проследни и со губење на свеста и краткотрајно запирање на дишењето. Еклампсија може да се случи за време на бременоста, за време на породувањето, а и по нив. Повеќето случаи на еклампсија се јавуваат во третото тримесечие од бременоста и околу 80 % од случаите се со екламптични напади во интрапартумот или во првите 48 по породувањето.
Се смета дека оваа болест е поврзана со недоволно развивање на крвните садови во плацентата, па бебето да не може да прими доволно кислород и хранливи материи. Еднинствен лек за тешка прееклампсија и еклампсија е да се роди бебето.
Главниот симптом кај плацента превија е ненадејно, безболно, најчесто мошне обилно крвавење, кое во најголем број случаи се јавува помеѓу 27-32 седмица. Ова крвавење се јавува веднаш штом вратот на матката малку ќе се истанчи или отвори.
Се смета дека оваа болест е поврзана со недоволно развивање на крвните садови во плацентата, па бебето да не може да прими доволно кислород и хранливи материи. Еднинствен лек за тешка прееклампсија е да се роди бебето. Често бебињата се раѓаат со помала тежина. Ова може да биде заради предвремено породување, но понекогаш и заради тоа што просторот во кој се развива бебето е стеснет.
Друг ризик е што кога се работи за случај на плацента превиа има околу 10% шанси за плацентата да биде предлабоко всадена во матката и често пати не се одлепува лесно од неа. Во многу случаи предизвикува тешко крвавење, кое се решава со хистероктомија. Често пати кога плацентата го покрива делумно или целосно грлото на матката се препорачува мајката да лежи и мирува. Кои мерки ќе се превземат зависи од стадиумот на бременоста, јачината на крвавењето и од тоа колкава е опасноста за мајката и за бебето. Кога се работи за плацента превија, породувањето се врши исклучиво со царски рез.
Гестацискиот или трудничкиот дијабетес се јавува во бременоста кај жени, кои претходно не страдале од него. За причинма се смета тоа што хормоните кои ги лачи плацентата и му помагаат во развојот на бебето, го блокираат дејството на хормоните на мајката, а тука спаѓа и инсулинот. Гестацискиот или труднички дијабетес исчезнува по породувањето. Но жените кои имале гестациски дијабетес, имаат големи шанси да ја развијат повторно истата состојба во следната бременост.
Гестацискиот дијабетес најчесто се јавува во третото тримесечие, но може да се јави и порано, после дваесеттата седмица од бременоста.
Доколку се јави треба да се превземат соодветни мерки, затоа што штетно делува и врз мајката и врз бебето, па може да доведе до раѓање со прекумерна телесна тежина, аномалии, предвремено породување, како и до компликации кај новороденчето.
Често бебињата се раѓаат со помала тежина. Ова може да биде заради предвремено породување, но понекогаш и заради тоа што просторот во кој се развива бебето е стеснет.
Друг ризик е што кога се работи за случај на плацента превија има околу 10% шанси за плацентата да биде предлабоко всадена во матката и често пати не се одлепува лесно од неа. Во многу случаи предизвикува тешко крвавење, кое се решава со хистероктомија. Често пати кога плацентата го покрива делумно или целосно грлото на матката се препорачува мајката да лежи и мирува. Кои мерки ќе се превземат зависи од стадиумот на бременоста, јачината на крвавењето и од тоа колкава е опасноста за мајката и за бебето. Кога се работи за плацента превија, породувањето се врши исклучиво со царски рез.
Гестацискиот или трудничкиот дијабетес се јавува во бременоста кај жени, кои претходно не страдале од него. За причина се смета тоа што хормоните кои ги лачи плацентата и му помагаат во развојот на бебето, го блокираат дејството на хормоните на мајката, а тука спаѓа и инсулинот. Гестацискиот или труднички дијабетес исчезнува по породувањето. Но жените кои имале гестациски дијабетес, имаат големи шанси да ја развијат повторно истата состојба во следната бременост.
Гестацискиот дијабетес најчесто се јавува во третото тримесечие, но може да се јави и порано, после дваесеттата седмица од бременоста. Доколку се јави треба да се превземат соодветни мерки, затоа што штетно делува и врз мајката и врз бебето, па може да доведе до раѓање со прекумерна телесна тежина, аномалии, предвремено породување, како и до компликации кај новороденчето.