На бремена жена која крвави не се прави вагинален преглед. Таа треба веднаш да се упати во болница. Ако е неопходно, треба да се изврши консултација со обстертричарите во болница.
Најчести причини за тоа се: крвавење поврзано со започнување на породувањето, контракции и отворање на маткиното устие, крвавење предизвикано од вагинален преглед, посткоитално крвавење, крвавење предизвикано од цервикален полип, крвавење предизвикано од траума (предвремено одлепување на плацентата), placenta previa, крвавење од мукозни мембрани, предизвикано од вагинитис.
Треба да се избегнува бимануелен преглед, ако е непоходно, се изврши само преглед под спекулум. Проверка на ја состојбата на фетусот ако има присуство на срцева акција со доплер или со ултразвук. Ако крвавењето е обилно, се поставува интравенска линија и пациентката веднаш се испраќа в болница со болничко возило со придружба.
Предиспонирачки фактори за плацента превија се претходни процедури на матката како киретажи или царски рез.
Инаку, плацента превија може да биде: комплетна (плацентата комплетно го покрива внатрешното маткино устие), парцијална (плацентата парцијално го прекрива внатрешното маткино устие), маргинална (плацентата го допира внатрешното маткино устие), крвавењето најчесто настанува без претходен провоцирачки фактор, крвавењето е светло црвено и обично не е придружено со болка. Во болница дијагнозата се поставува со ултразвук, а третманот се одредува врз основа на состојбата на мајката и на фетусот, количеството на крвозагуба и гестациската старост. Ако крвавењето не е обилно и мајката и плодот се во добра состојба, а ако бременоста не е терминска, најчесто се одлучува само за опсервација на ситуацијата. Ако крвавењето е опсежно и неконтролирано, се индицира царски рез (при парцијална или комплетна плацента превија).
Предиспонирачки фактори за предвремено одлепување на постелката (abruptio placentae) се: траума во пределот на абдоменот, ненадејно намалување на волуменот на утерусот (на пример, при предвремено прскање на плодови обвивки), прееклампсија или дијабетес. Ризикот исто така се зголемува при консумирање на дрога, алкохол и цигари, како и кај пациентки со претходна анамнеза на плацента превија или абрупција на плацентата.
Симптомите зависат од опсежноста на одлепувањето на постелката. Најчести симптоми се болка, напнат и тврд утерус. Дури и кога кај мајката се присутни симптоми на шок, вагиналното крвавење може да биде многу оскудно (при обилно ретроплацентарно крвавење). Клиничката дијагноза е најважна, а ултразвучен преглед најчесто не е потребен. Во болничка установа, третманот е најчесто итен царски рез, а потребно е и третирање на хеморагичниот шок кај мајката.