Кога кај мајка која дои ќе се појави висока температура, рана интервенција со употреба на антибиотици е индицирана, со цел да се спречат компликации (на пр., апсцес) (ннд-C). Мајката треба да се охрабрува да продолжи со доењето, со цел да се испразни дојката и со тоа да се забрза закрепнувањето.
Стафилококус е предизвикувачки агенс во повеќе од половина од случаите. Други најчести предизвикувачки агенси се стрептококи и ешерихија коли. Инфекцијата често е и мешана.
Сепак, не сите случаи на маститис имаат бактериска етиологија: надоаѓањето на млеко во млечната жлезда може да предизвика опструкција на каналот, со што се спречува ефективното празнење на дојката. Рагади на брадавиците и слабо празнење на дојките се ризик фактори за маститис.
Симптоми
Висока температура (38.5°C или повеќе)
Црвена, топла и осетлива површина на зафатените дојки
Пациентките често имаат чувство како да имаат грип
Третман
Одлуката за лекување обично не бара лабораториски испитувања, клиничката слика е доволна. Антимикробни средства, исто така може да се препишуваат по телефонска консултација, доколку симптомите се краткотрајни и е договореноследење на пациентката (т.е. пациентката знае кога и кого да го контактира доколку симптомите не се ублажат).
Антибиотици (ннд-D) треба да се препишуваат веднаш ако пациентката е фебрилна. Ако пациентката останува афебрилна и е без очигледни апсцеси, третманот се состои само во мониторинг и ефективно празнење на дојките. Најверојатно, причина е надоаѓање на млекото во млечните жлезди. Примена на топлина (на пример, фен, шише со топла вода завиткано во крпа, топол туш) пред доење помага во испразнување на дојките. Мајката треба да се советува да се бара помош без одлагање, доколку стане фебрилна.
Третман на надуеност на дојките: доенчето треба секогаш да се храни прво од зафатената дојка. Исто така е можно прво да се испразни мала количина млеко со помош на градна пумпа, оставајќи го остатокот за детето. Ако е можно, позицијата за хранење треба да е таква што ја поставува најзафатената регија највисоко (со што се потпомага дренирањето на ексудатот).
Антимикробна терапија
Антимикробен лек ефикасен против стафилококи треба да биде лек на избор. Времетраењето на третманот е 10-14 дена.
- Прва генерација цефалоспорини
o Цефалексин 500 мг.
- (Ди)клоксацилин 500 мг.
- Ако пациентката е алергична на гореспоменатите антимикробни средства, може да се користат макролиди.
o Рокситромицин 150 мг.
o Eритромицин 500 мг.
Друг третман
Мајката се охрабрува да продолжи со користење на воспалените гради за доење, како и нормално. Алтернативно, дојките можат да се празнат редовно со градна пумпа. Ова ќе ја ублажи болката, ќе ја подобри дренажата на ексудатот и ќе спречи формирање на апсцес.
- Ибупрофен или парацетамол за болка, ако е потребно.
- Знак на апсцес на дојката е перзистентна треска и покрај антимикробната терапија и редовното празнење на дојката.
- Апсцесот мора да се издренира во општа анестезија.
- Контрола не е потреба ако пациентката нема симптоми.
- Можноста за карцином, исто така, мора да се има предвид, дури и во периодот на лактација, особено ако воспалението се повторува или се чувствува присуство на резидуална грутка во градите.
Постојат недоволни докази за постапките за превенција на маститот по
породувањето (ннд-D).