Дијагностички и терапевтски лапароскопијата широко се користи во хирургијата. Станува збор за минимално инвазивна хирургија и интервенцијата се врши со посебен фибер-оптички инструмен – лапароскоп, преку мали резови во стомакот. Лапароскопија успешно се користи во третманот на женска неплодност, ендометриоза и полицистични јајници.
Лапароскопијата, всушност, е директно набљудување на стомачната празнина, јајниците, надворешните страни на јајоводите, матката.
Во општа анестезија се прави мал засек 0,3 – 20 мм на стомакот веднаш под папокот и низ него се спроведува мал оптички инструмент со камера. Додатни мали засеци над пубичните влакна се прават за внесување на инструменти ако има потреба за операција (отстранување на ендометриозни ткива, цисти, вонматерична бременост…).
Придобивка од лапароскопијата е што овој метод е помалку трауматичен за пациентката, а за неколку часа по операцијата, таа може да оди.
За време на лапароскопија, сепак, постои ризик од оштетување на внатрешните органи во времето на воведувањето на инструменти, но тоа зависи од вештината на хирургот.
Лузните после интервенцијата поминуваат за кратко време.