Масажата на бебињата е едно од најстарите терапевтски средства кои се применуваат за здрав развој на детето. Таа помага бебето подобро да спие, го намалува плачот, ја нормализира функцијата на дигестивниот систем, го стимулира метаболизмот, го засилува имунитетот. Освен тоа масажата им овозможува на мајката и на детето подобро да се запознаат. Љубовта и сигурноста која мајката му го пренесува на детето во текот на масажата ја зајакнува нивата емотивна врска.
Масажата е многу корисна за бебињата до една година, затоа што допирот и мирисот е нивниот начин за комуницирање со околината. Со редовна масажа може да се почне веднаш по раѓањето и тоа ќе му помогне на бебето побрзо да се навикне на новата природна средина. Во првите недели масажите треба да траат 2-3 минути со само неколку нежни допири на телотот на бебето, а веќе по првиот месец се препорачува таа да трае од 10 до 15 минути. Кај масажата не е толку важен чинот колку што е важен контактот со дететото, па токму затоа таа треба да се практикува кога дететот е најрасположено. Избегнувајте масажа по јадење, но исто така не е добро ако детете е многу гладно. Затоа, најдобро е таа да се прави половина час пред оброк. По масажата добро е да следува топла купка, за да може дететот потполно да се опушти.
Масажата треба да се прави со природни масла, а најдобро е бадемовото масло. Притискањето со рацете на телото на дететот треба да биде умерено и нежено. Доколку е пресилно, детете може да се расплаче, а доколку е преслабо, тоа само ќе го скокотка. Добро е масажата да се почне од градниот кош со рамномерни кружни движења кон рамената и рацете по што се продолжува кон стомакот. Потоа се масираат рацете и нозете, а се завршува со нежната масажа на стопалата. Истата постапка се прави и на грбот, и сето тоа се повторува неколкупати. Масажата освен на бебињата, позитивно влијае и на родителите. Тоа им го зголемува чуството на сигурност и ја зајакнува нивната самодоверба, што на крајот ќе резултура со квалитетен однос родител-дете.