Речиси една третина од вкупниот број случаи на неплодност се однесуваат на машката популација, иако стерилитет се уште се смета за женски проблем. Затоа, доколку двојката подолго време има проблем со забременување, мажот треба да се подложи на испитувања за плодност.
Неплодноста кај мажите може да биде предизвикана од голем број на фактори. Главниот проблем кој е заеднички за сите овие фактори е способноста на сперматозоидите да ја оплодат јајце клетката. За разлика од женскиот стерилитет, машкиот фактор на неплодност нема брзо опаѓачка стапка поврзана со возраста.
Машкиот фактор на неплодност може да биде категоризиран во две главни групи. Првиот се проблеми со создавање на спермата, што значи производство на премалку сперматозоиди или воопшто никакво производство. Оваа категорија е понатаму поделена во категории опструктивна азооспермија и неопструктивна азооспермија.
Вториот фактор за неплодност се проблеми со способноста на сперматозоидите да стигнат до јајце-клетката и да ја оплодат, што може да биде случај кога абнормалната форма или структура на сперматозоидите ги спречува тие да се движат правилно.
Алкохолот, дрогата, цигарите, здравствените проблеми, лековите, возраста, терапија со зрачење и хемотерапија, како и еколошки токсини, може да го намалат бројот и квалитетот на спермата. Сексуално преносливи заболувања или генитални инфекции, како гонореја и кламидија можат да предизвикаат неплодност кај мажите. Исто така, хормоналната неврамнотеженост во жлездите на хипофизата и тироидата може да предизвика неплодност, а проблем може да создадат и ретроградната ејакулација, генетски заболувања, автоимуни проблеми, еректилна дисфункција…
Затоа, треба да се посети уролог, кој ќе направи анализа на спермата преку која ќе се утврди нејзиниот квалитет и квантитет, по што ќе биде донесена одлука за начинот на лекување.