Дел од пресоналот предводен од директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, присуствуваше на напредна обука организирана во болницата „Св. Лука“ во Солун.
– Беше големо задоволство да учествувам на Напредниот лапароскопски курс организиран од Олимпус, што се одржа во болницата „Св. Лука“ во Солун. Импресивна програма, врвни едукатори и одлична можност за подобрување на лапароскопските вештини! Голема благодарност до организаторите и сите учесници за инспиративната размена на знаење и искуство – изјави проф. д-р Алексиоска Папестиев по повод посетата.
И во наредниот период во духот на едукација и на имплементирањето на нови техники, продолжува работата на медицинскиот тим на нашата клиника.