Mиомот е најчест бениген
тумор на утерусот. Граден е од глатки мускулни влакна (како и миометриумот) и
од сврзно ткиво заради што и е наречен фибромиом. Може да се развие во кој и да
било дел од утерусот и на повеќе места истовремено. Миомите се обично сместени
само во корпусот, а дури во 2 отсто се јавуваат и во цервиксот. Миомот е тумор
кој расте постепено.
Миомите ги делиме според локализација на три главни групи: Интрамуларни миоми,
субмукозните миоми и субсерозните миоми. Миомите во бременоста растат, но по
бременоста повторно ја добиваат поранешната големина. Тие атрофираат во
постменопаузата.
Миомот, тумор на генеративната фаза на жената, најчесто се јавува помеѓу 35 и 50 година од животот на жената.
Миомите понекогаш не предизвикуваат никакви симптоми и често можат да бидат откриени при рутински гинеколошки прегледи. Но најчестите симптоми кои ги предизвикуваат се: неправилно крварење од матка; болни менструации; болки при сексуален однос; напнатост во мала карлица или силна нагла болка заради некроза или торзија на висечки миоми, неплодност, што е случај кај околу 3 отсто од неплодни пациентки; силна болка и обилно крварење; венска стаза и тромбофлебити, како и спонатни абортуси, кои се два пати почести кај жени со миоми.
Многу од миомите не се третирaaт, а хируршката терапија е индицирана кога туморите се поголеми, кога растат, кога крвавењата се значителни и кога настапуваат компликации. Се користат следните хируршки зафати: миомектомија – оперативен зафат при кој се отсрануваат миомите, без при тоа да се отстрани и дел од здравото ткиво и се препорачува за жени кои имаат намера да раѓаат; хистероктомија – операција при која се отстранува целата матка; ендометријална аблација – се уништува ендометриумот; миолиза – операција која е лапароскопска и емболизација на миомот – се применува кај жени кои не сакаат повеќе да раѓаат.