Одделението за интензивна неонатална нега и терапија на ГАК е високо специјализирана единица за предвремено родените бебиња и критично болни доносени новороденчиња (за родени предвреме, новородени на кои им треба технолошка поддршка, новородени со комплицирана семејна историја и тешки новороденчиња во тешка состојба која може да доведе до рана смрт).
Нашиот медицински тим од 6 специјалисти педијатри заедно со 29 медицински сестри се грижат за бебињата веднаш по нивното раѓање се до нивниот испис и нивната улога е мошне значајна.
Одделот е основан со цел пружање подобра нега и грижа, со посебна просторија за изолација на новороденчињата со докажан микробиолошки инфект, за да се намали ризикот од пренесување на инфекции, специјален начин на исхрана и пристап до специјализирана опрема и ресурси.
Одделот за неонатална интензивна нега располага со најсовремена опрема за дијагностика, лабораторија со можност за испитување на високо специфични и сензитивни параметри, сопствена микробиологија (апарат со најсовремена PCR метода, Rtg апарат, ехо апарат), згрижување, престој и мониторирање на новороденчињата, машини за инванзивна и неинванзивна респираторна поддршка. На одделот 24 часа се мониторираат основните витални параметри на високоризични предвремено родените бебиња и критично болните доносени бебиња.
Новороденчињата се сместени во 42 инкубатори на кои се приклучени монитори. На најголем дел од прематурчињата им е потребна дополнителна кислородна поддршка во опсег од дополнителен кислород преку неинвазивни методи, па се до позитивна притисочна поддршка, т.е. механичка вентилација.
Посетите на одделот се лимитирани, а персоналот и посетителите мора да носат капи, калјачи, наметки, ракавици, маски и адекватно миење раце, за да се намали односно спречи трансмисија на инфекции.
По згрижувањето на одделот за неонатална интензивна нега, педијатрите ја стабилизираат клиничката состојба на предвремено роденото бебе, согласно гестациската зрелост и клиничката слика.
Кон секое новороденче се пристапува индивидуално од страна на медицинскиот персонал, во поглед на дијагнозата и терапијата. Предвремено роденото бебе е во инкубатор додека не достигне тежина од 1.700 – 1.800 грама. Планот за испишување на бебето се засновува на воспоставување на физиолошка стабилност, што значи терморегулација, стабилна функција на срце и бели дробови, раст и развој, како и рутински скрининг на вид, слух и невроразвојна проценка.
ОИНТ го подобрува преживувањето на високоризичните предвремени роденчиња и критично болните доносени бебиња. Задолжително е потребна клиничка грижа по испис од болницата.