Врз основа на член 52 став (1) од Законот за административни службеници (Сл.весник на РМ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и Сл.весник на РСМ бр.275/19, 14/20 и 215/21), како и објавениот интерен оглас, а во согласност со Правилникот за систематизација на работни места на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје бр.0101-2362/1 од 04.11.2019 година, врз основа на член 30 и член 31 од Статутот на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, ја донесе следната
О Д Л У К А
за избор по интерен оглас бр.01/2022 за работно место за унапредување на 1 (еден) административен службеник во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и
акушерство –Скопје
- Раководител на сектор за административно правни работи и управување со човечки ресурси со шифра на работно место ЗДР0102Б02002 се избира- Драгана Букилица.
- Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
Врз основа на добиена Согласност од Министерство за финасии за обезбедени финансиски средства со архивски број 04-295/1 oд 17.02.2022 година, Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје упати барање број 04-390/3 од 04.03.2022 година до Агенцијата за администрација за објавување на интерен оглас за унапредување на административен службеник. Интерниот оглас број 01/2022 година за унапредување за работно место – Раководител на сектор за административно правни работи и управување со човечки ресурси – 1 (еден) извршител, беше објавен на 08.03.2022 година на веб страната на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство –Скопје и веб страната на Агенцијата за администрација.
Комисијата за селекција за интерен оглас, формирана со Решение број 04-390/8 од 16.03.2022 година, спроведе целосна постапка за унапредување на административен службеник. Првата фаза, односно административната селекција за административен службеник се одржа на ден 18.03.2022 година (записник бр.04-390/9 од 18.03.2022 година). На ден 18.03.2022 година се спроведе постапка за проверка на веродостојност на докази и интервју на административен службеник (записник бр.04-390/10 од 18.03.2022 година).
Врз основа на резултатите од сите фази на селекцијата, Комисијата за селекција за интерен оглас изготви конечна ранг листа и предлог на кандидати за интерен оглас со архивски број 04-390/12 од 18.03.2022 година.
Понатаму, а согласно конечната ранг листа и предлогот на кандидати за интерен оглас, Директорот на Клиниката, донесе одлука да се изврши избор како во диспозитивот на оваа одлука. По конечноста на оваа одлука, ќе се донесе решение за унапредување на именуваниот од точка 1 на оваа одлука.
ПРАВНА ПОУКА: Против одлуката за избор кандидатот кој не е избран има право на жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на одлуката на веб страните
С.Р.
Медицински директор Организациски директор/Drejtor organizativ
Доц.д-р Викторија Јовановска Дипл.правник Ajrulla Mustafa