Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија се одржа средба со претставници на здравствените установи меѓу кои и е и ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, со кои Фондот има договор за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) или ин-витро.
Модерните времиња носат сѐ поголем предизвик и потреба од ин-витро и Македонија има споредбено добри резултати во ова поле и од околу 2.500 случаи годишно, околу 1.000 се од соседните земји и подалеку.
„Ин-витро е пионерска соработка на Фондот со приватен сектор и сегашните резултати целосно ја оправдуваат соработката. Имавме чест да разговаравме со еминентните стручњаци за можни подобрувања, како и скорешната измена на законот кој треба да овозможи до шест ин-витро финансирани од Фондот. Исто така се нагласи потребата од БПО во Клиниката за гинекологија за едукација на идните стручњаци“, соопшти ФЗО.