,,He is a giant,, така професорот Николаидес Кипрос е најавен на една од најгледаните светски тв мрежи.
На најпопуларната мрежа Нетфликс под името ,,The surgicon cut,, во 1 епизода ќе го видите џинот. Големина во областа на феталната медицина, вистински револуционер во детекцијата на проблемот кој го засега секое неродено бебе и решение за истото, буквално како волшебник кој невозможното ви го прави возможно…во живо, пред очите на јавноста.
Големината на овој човек не е само во стручноста онаква неприкосновена каква што е, туку и во човекољубивоста која му се покажува во контактот со секоја пациентка. Точен, прецизен, отворен, емпатичен. Погледнете ја епизодата и иако овој пост не би требало да биде рецензија за истата, но вреди да ви ја препорачаме, оти во неа нема сценарио од режисер. Во неа единствено сценарио е проблемот кој природата решила да им го да даде на идните родители и докторот кој со ,,волшебното стапче,, (сондата) го прави невозможното возможно.
Во прилог е поставен тејлерот од серијата. Во 00.20 секунда е почитуваниот Проф.Николаидес.
Овој волшебник во феталната медицина денес ќе ја посети Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. Проф. Д-р Николаидес Кипрос ќе го посети Кабинетот за фетална медицина, ќе оставри стручна средба со гинеколозите од ЈЗУ У ГАК.
Оваа посета е и најава за продолжување на одличната професионална соработка со професорот во годините што следат.
Неговото менторство, донациите кои тој ги прави за нашата клиника се придонес за здравјето на нашата идна млада популација.