Пролапс на матката, односно попуштање на грлото на матката се јавува кога мускулите на карлицата и лигаментите се опуштаат и ослабуваат, со што не пружаат доволна поткрепа на матката, при што таа се лизга надолу и излегува од вагината. Значи, иако причините за појава на пролапс на матка се различни, сите тие се сведуваат на губење на еластичноста на карличните мускули,
Пролапс на матката може да се случи кај жена во која било возраст, но најчесто се јавува кај жените во менопауза кои имале еден или повеќе вагинални раѓања. Оштетувањето на ткивото во текот на бременоста и при породувањето, гравитацијата, губењето на естроген и напрегнувањето во текот на годините може да го ослаби дното на карлицата и да доведе до спуштање односно до пролапс на матката.
Ова пореметување предизвикува чувство на тежина, како и болки во грбот, а какво и да е напрегнување, уште повеќе ја влошува состојбата.
Спуштената матка може да предизвика повеќе проблеми, а само кај потешките пролапси доаѓа и до здебелување на слузокожата и сувост на вагината, хронични инфекции и воспалувања, па и чиреви, кои може да крвават. Состојбата во овој случај може да наликува на тумор. Освен погоре спомнатите проблеми, при оваа состојба се јавуваат и проблеми со столицата, болки во грбот, проблеми во текот на сексуалниот однос, чувство на тежина или повлекување на карлицата, инконтиненција…
Анатомски, пролапсот на матката се дели на четири стадиуми: кога вратот на матката е пропаднат во горниот дел на вагината; кога цервиксот е пропаднат до нивото на влез во вагината; кога е надвор од вагината и кога целата матка е надвор од вагината, состојба која се нарекува тотален пролапс.
Благо спуштената матка, без симптоми или со симптоми кои не пречат, веројатно не треба да се легува. Меѓутоа, карлицата може да продолжи да го губи тонусот, создавајќи потежок пролапс и во тој случај лекарот ќе мора да го следи развојот на оваа состојба.
Хируршка интервенција е потребна поретко и затоа се почнува со мерки на самопомош, а една од тие е намалување на тежината, доколку се работи за жена која има вишок килограми. Исто така, се препоралчува храна со многу влакна за да ја исфрлите столицата без дополнително напрегнување.