Вака изгледа кога доаѓа најголемиот експерт во фетална медицина! Тивко, ама демонстративно, моќно, но скромно, чиниш се застанува и секој почест му подарува.
Проф. Д-р Николаидес Кипрос за првпат е во нашата земја и тоа на нашата клиника. Исклучителна чест, неверојатна привилегија за сите наши колеги, за сите останати доктори од државата кои ќе имаат можност да се едуцираат од можностите кој овој виртуоз во акушерството ни ги нуди, за сите бебиња на овој свет, па и на нашите.
Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство ја прави најголемата инвестиција за новите генерации!
При денешната посета голем дел од нашите гинеколози се сретнаа со професорот Николаидес предводени од проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев и од проф. д-р Ана Данева Маркова.
Покрај проф. д-р Николаидес Кипрос, на 18.05. на клиниката во стручна посета ни пристигнаа и еминентните професори проф. д-р George Makrydimas, проф. д-р Themistoklis Dagklis, проф. д-р Петја Чавеева и проф. д-р Марија Јанева.
Соработката со овие еминентни професори, првенци во акушерството, продолжува.
Нашите пациентки го заслужуваат најдоброто за себе и за своите поколенија, исто како и државата.
Нека науката биде спој помеѓу сите и за доброто на сите. Нека ги поместува границите за соработка и во достигнувањата кои светот ќе го направат посреќно место за живеење.







