Породувањето
е кулминација на бременоста и краен чин на деветмесечното исчекување, кога
бебето излегува од матката на жената.
Породувањето започнува со појавата на контракциите на матката кои се
повторуваат во правилни временски интервали, заедно со промени на нејзиниот
цервикс-првично скратување и раширување. Иако, општо прифатено е дека
породувањето е болен процес, некои жени имаат безболно раѓање, други пак,
сметаат дека концентрирањето на породувањето помага за забрзување на истото и
олеснување на возбудата.
Непосредно пред почетокот на породувањето постојат предзнаци кои укажуваат дека
раѓањето е блиску.
Од вагината излегува слузав исцедок, често помешан со оскудна крв. Слузта потекнува од слузавиот чеп во цервикалниот канал, а крвта од раскинатите тенки крвни садови при одлепувањето на плодовите обвивки. Тоа го предизвикуваат незабележливите стегања, односно контракции на матката. Жената пред самото раѓање чувствува лесни стегања, кои на почетокот се ретки, во неправилни и долги растојанија. Се смета дека раѓањето започнува кога контракциите доаѓаат редoвно на секои 10 минути.
Постојат повеќе фактори кои влијаат на интензитетот на болката како: големината на бебето, големината на карлица, силата на контракциите, начинот на кој мајката го доживува самиот процес на раѓање, нејзините емоции…
Најчесто кај нас за намалување на болките се применува епидурална анестезија. Тоа е вид на олеснување на болките кој се состои во внесување на катетер во долниот дел на рбетниот столб, преку кој се регулира дозата на анестетик за време на целото породување.
Траењето на нормалното породување се разликува по тоа дали станува збор за прворотка или повеќекратна родилка. Прворотките раѓаат во временски интервал од 12 – 18 часа, а повеќекратните родилки значително побрзо.
Породувањето се дели на четири породилни фази: Дилатација, експлузија, породување на постелката и постплацентарен период.