На пациентките на кои им е отстранет голем дел од грлото на матката или речиси целото, постои зголемен ризик од спонтани абортуси во вториот триместар, предвремено прскање на воденикот и од предвремено породување, па затоа им се препорачува трансабдоминален серклаж. Методата се изведува лапароскопски или со класично отворање на стомакот, а при интервенцијата се поставува нересорптивна трака на делот каде се спојуваат грлото на матката, кое недостасува и матката.
Со таков вид потпора се превенираат компликациите кои се очекуваат во текот на бременоста.
Трансабдомионалниот
серклаж е единствено решение за оние жени кои немаат грло на матката. Освен кај
оперирани жени од грло на матка, оваа интервенција се препорачува и кај жени
кои претходно имале неуспешни бремености, и покрај вагинален серклаж.
Кај ваквите случаеви се индицира поставување на
абдоминален серклаж, кој се прави лапароскопски или со класична операција.
Жените со абдоминален серклаж мораат да се пораѓаат со царски рез.
Трансабдоминалниот серклаж најдобро е да се направи кога жената не е бремена, евентуално во првите недели, но не треба интервенцијата да се изврши по 11-та недела од бременоста.
Интервенцијата е безбедна и по трудницата, и по фетусот.