На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје беше примена жена во тешка здравствена состојба со огромен тумор во стомакот од 90 килограми. Туморот буквално го деформирал телото на пациентката, која имаше отежнато дишење од притисокот на туморот и изразито ослабено тело.
Тимот на медицинскиот персонал заедно со гинекологот, доц. д-р Игор Алуловски и голем тим анестезиолози вршеа 5-часовна операција врз 45-годишната жена.
– За да ја извршиме операцијата, моравме прво да го испразниме туморот. Беше извадена околу 65 литри густа течност, а самиот тумор тежеше близу 90 килограми. Пациентката беше донесена во крајно влошена состојба, во аспект на дишењето и работата на другите органи низ целото тело – истакна Алуловски.
Станува збор за досега најголем тумор изваден од човек не само во Македонија, туку и во Европа.
Оваа вест беше објавена и од некои портали низ балканските држави.
(октомври 2020)