Употребата на кој било лек во текот на бременоста секогаш треба да биде заснована на јасна индикација. Од друга страна, кој било лек којшто е важен за мајката не треба да биде непрепишан.
Терапијата треба да биде испланирана уште пред бременоста и треба да се претпочитаат лекови за којшто постојат искуства за употреба во текот на бременоста.
Подложноста на малформации е највисока, почнувајќи од 5-та до крајот на 10-та гестациска седмица, сметајќи од последната менструација, т.е од 3-та до 8-та фетална гестациска седмица, сметајќи од концепцијата.
Во подоцнежните фази од бременоста, несаканите ефекти од лековите може да се манифестираат на друг начин, како забавување на растот, нарушување во матурацијата на органите или, на пр., нарушувања во когнитивната сфера кои се манифестираат подоцна.
Минималната доза којашто е потребна за третманот на мајката треба да се употреби. Истите принципи важат и за периодот на доењето.
Фолна киселина
- Доволниот внес на фолати, витамини од групата Б (прехранбен облик) и фолна киселина (содржана во фармаколошките препарати) се важни за нормалниот фетален развој.
- Доволниот внес на фолната киселина, го намалува ризикот од конгенитални малформации, посебно од дефекти на невралната цевка. За сите жени кои планираат да забременат, се препорачуваат дневни дози на фолна киселина од 0.4 mg, за комлетно избалансирана диета, почнувајќи најрано од 1-3 месеци пред забременувањето. Сосема е оправдано да се започне волку рано, со цел да се постигне задоволително ниво на фолати во првата недела од бременоста, кога започнува формирањето на феталните органи.
Доколку дефектите на невралната цевка биле присутни кај плодот од претходната бременост или ваквите конгенитални аномалии се присутни во поблиското семејство, препорачаната доза се зголемува на 4.0 mg дневно.
Суплементацијата со фолна киселина се препорачува до 12-та гестациска седмица. За искористување на фолната киселина, важно е да се обезбеди и доволен внес на витамин Б12.
Во Табела 1, наведени се најчестите заболувања и симптоми, како и лековите кои се најпогодни за нивен третман во текот на бременоста. Препораките, исто така, се однесуваат и на употребата на лековите во текот на доењето.
Во Табела 2, наведени се медикаменти и други хемиски супстанции за кои се знае дека се штетни во текот на бременоста.
Табела 1. Лекови во текот на бременоста
Акни Локален третман: бензоил пероксид, клиндамицин, азелична киселина
- Фармацевтските формулации кои содржат изотретионин треба да се прекинат најмалку 1 месец, за да се постигне безбеден пад на концентрациите.
Алергија Примарно локални лекови (кромогликат, кортикостероиди) Од антихистаминици цетиризин или лоратадин. Формулациите, кои содржат псевдоефедрин, не се препорачуваат.
Астма Основни лекови: инхалирачки кортикостероиди и кусо делувачки бета 2-агонисти. Доколку во минатото добар тераписки одговор е постигнат со примена на долго делувачки бета 2- агонисти или антагонисти на леукотриенските рецептори, не постои пречка за нивна употреба во текот на бременоста. Системски кортикостероиди, доколку се неопходни
Бактериски инфекции Пеницилини, пеницилински деривати и цефалоспорини
Нитрофурантоин, Клиндамицин, Макролиди (азитромицин, рокситромицин и еритромицин се први лекови на избор). Метронидазол (примарно за локален третман). Продуктите на триметопримот и сулфатриметопримот треба да се избегнуваат во текот на бременоста. Тетрациклините треба да се избегнуваат (ризиците се најголеми во текот на вториот и третиот триместар). Флуорокинолоните треба да бидат ограничени на специјални случаи (јасни индикации) .
Кронова болест, улцеративен колитис Сулфасалазин, 5-ASA, Кортикостероиди. Азатиоприн. Ограничено е искуството со ТНФ-алфа инхибиторите (инфликсимаб, адалимумаб);
Контраиндицирани: метотрексат, микофелонична киселина и талидомид
Лекови за намалување на маснотиите
Не треба да се употребуваат во текот на бременоста и за време на доењето. Холестераминот може да се употреби во изолирани случаи (обезбедете доволен внес на липосолубилни витамини).
Инхибиторите на редуктазата на HMG CoA (статини) се контраиндицирани во текот на целата бременост.
Аналгетици и антипиретици Парацетамолот е прв лек на избор и е безбеден во текот на целата бременост. Нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ): ибупрофен е прв лек на избор.
Прекумерната употреба на НСАИЛ, кога се планира бременост, може да ја
намали фертилноста. Прекумерната употреба во раната бременост, може да го зголеми ризикот од пометнување
Повторуваната употреба на НСАИЛ од 28-та гестациска седмица натаму, треба да се избегнува (предвремено затворање на ductus arteriosus; ефекти врз феталната бубрежна функција).
COX-2 селективните НСАИЛ се контраиндицирани во текот на бременоста.
Антималарична профилакса Земете ја предвид резистенцијата кон лекови во зависност од географското подрачје. Хлорокин и прогванил. Мефлокиn, a Атоваквон и прогванил во текот на вториот и третиот триместар).
Патувањето во подрачја кои се ендемични за маларијата треба да се избегнува во текот на бременоста, доколку е тоа можно. Искуството со употребата на атоваквон во рана бременост е ограничено.
Депресија Инхибитори на серотонинската реапсорпција (СИСР, ИСР). 2. Трициклични антидепресиви. Кломипраминот треба да се избегнува во рана бременост. Употребата на антидепресивите треба да биде со јасна индикација. Кај новороденото, може да предизвикаат симптоми, индуцирани од лековите кои понекогаш знаат да бидат и сериозни. Доколку лекот се употребува во одмината бременост, породувањето треба да биде во болнички услови, со педијатар на располагање.
Доењето е обично дозволено (контраиндикација е доксепинот).
Мигрена. Парацетамол, НСАИЛ, Парацетамол + кодеин, Суматриптан.
Од високо специфичните лекови, искуството е најопсежно со суматриптанот. Може да се употребува доколку нападот не се смирува со примена на вообичаените лекови. Повторуваната употреба на кодеинот треба да сеж избегнува во текот на доењето.
Дериватите на ергометринот се контраиндицирани.
Пироза и хиперацидитет
Антациди и сукралфат, H2 блокери: ранитидин (бременост), фамотидин (доење). Мизопростолот е контраиндициран.
Инхибитори на протонската пумпа: омепразол, есомепразол, (ланзопразол, пантопразол исто така доаѓа предвид).
Гадење во бременоста Прохлорперазин, Меклозин, Метоклопрамид. Во лекувањето на гадењето во текот на бременоста се претпочита нефармаколошкиот треман.
Габични инфекции
Локалните антифунгални препарати се корисни. За орални габични инфекции,
Нистатин.
Вагиналната кандидијаза примарно се лекува со локални препарати, но единечна доза на флуконазол (150 mg) може да се даде, доколку е потребно. Повторуваната употреба на синтетските антимикотични лекови треба да биде резервирана само за тешките случаи.
Шуга, глава и лице Перметрин
Несоница Се претпочита нефармаколошки менаџмент. Оксазепам е прв лек на избор од бензодијазепините. Кусо делувачки хипнотици (зопиклон, золпидем), само доколку се неопходни. Мелатонин за кусотрајна употреба. Повторуваната употреба на транкилизери и хипнотици треба да се избегнува.
Хипертензија (покачен крвен притисок) Лабеталол (бисопролол, пропранолол, метопролол). Блокатори на калциумските канали (нифедипин, верапамил) само од вториот триместар натаму, доколку е тоа можно. Лековите кои влијаат врз системот ренеинангиотензин се контраиндицирани; ваквата терапија треба да се прекине,доколку се планира бременост или, во најмала рака, кога ќе се потврди бременоста.