Појавата на интензивно и често мокрење, пецкање и чешање за време на мокрењето се првите симптоми за инфекција на уринарниот тракт. Најчесто место на уроинфекции е бешиката.
Ризикот од појава на инфекцијата на бубрезите е поголема за време на бременоста. Причината за тоа е зголеменото ниво на хормонот прогестерон кој ги намалува тонусот и еластичноста на уринарните канали (уретри – канали кои ги поврзуваат бубрезите со мочниот меур), и доаѓа до побавен проток на урината низ нив. На овој начин, бактериите имаат повеќе време за нивно размножување и многу полесно стигнуваат до бубрезите. За време на бременоста, доаѓа и до намалување на киселоста на урината и доведува до полесен развој на штетните бактерии.
Во текот на бременоста појавата на уроинфекција е олеснето од следните причини: ги релаксира мускулите во ѕидот на уретрите (спојот помеѓу бешиката и бубрезите); го зголемува волуменот на бешиката и го смалува тонусот на уретрата. Сето тоа го успорува протокот на урината од бубрезите до бешиката и преку уретрата кон надвор, што им дава можност на бактериите да се размножат пред да бидат исфрлени со мокрачата.
Уриноинфекција во бременоста може да се превенира со навремен скрининг што значи уринокултура меѓу 12 и 16 недела од бременост.
Урино инфекциите се јавуваат во три форми: асимптоматска бактериурија, циститис и воспаление на бубрезите.
Најголемата опасност по плодот при уроинфекција во бременоста се предтерминско породување, раѓање плод кој е помал за својата гестациска старост, амнионитис и сепса.