Феталната ехокардиографија претставува дијагностичка процедура којa овозможува да се види и процени структурата и функционирањето на кардиоваскуларниот систем на фетусот. Со оваа метода може уште во најраната бременост да се откријат вродените срцеви аномалии кај фетусот.
Трансвагиналната фетална ехокрадиографија се препорачува да се направи помеѓу 12 и 16 гестациска недела. Ова особено важи за високоризичните трудници. За разлика од трансвагиналната, трансабдоменалната најдобро е да се спроведе во периодот меѓу 19 и 24 гестациска недела. Имајќи ја предвид тежината и сложеноста на овој вид преглед, освен ултразвучниот апарат, потребна е и адекватна едукација на лекарите кои го вршат овој преглед.
Се препорачува прегледот да се прави кај пациентите кои во своето семејствo имаат случаи на родени деца со вродени аномалии на срцето. Исто така фетална ехокардиографија пожелно е да ја направат и оние кои имаа поврзаност со некои болести како на пример, дијабетес, епилепсија, повишен крвен притисок и друго. Но, не сите бремени жени треба да го прават овој преглед. Специфичните услови на мајката и на фетусот би укажале на потребата за овој тест.
Статистичките податоци покажуваат дека застапеноста на вродените срцеви аномалии е поголема од 6-8 на 1.000 новородени.