Телеком, средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, АД Водостопанство на РСМ, општина Аеродром, ПИОМ… Гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство одржуваа трибини со вработените на тема „Третман и терапија во менопаузата“ во октомври – месецот посветен на оваа фаза од животот на жената.
Секоја жена треба да е информирана за да може подготвено да го дочека и како херој да се носи со овој период од својот живот.
На трибината организирана за вработените во Телеком, предаваа и одговараа на прашања доц. д-р Анета Сима и м-р Билјана Ристеска, нутриционист.
Во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ асс. д-р Ева Созовска Белчовска на едукативната трибина за најактуелната тема на месецов наиде на активен придонес од вработените кои и ги споделија своите знаења, предзнаења, а таа им даде стручни совети за нивните дилеми и проблеми.
Одлична атмосфера, куп прашања и двојно повеќе одговори на прашањата, дадени насоки и препораки кога, каде и кому да се обратите за оваа минлива фаза да биде полесна и без последици, со асс. д-р Влатко Гиревски средба имаа имаа вработените од АД Водостопанство на РСМ.
Огромен интерес имаше и на едукативната трибина во општина Аеродром, по повод месецот во кој се одбележува менопаузата, каде асс. д-р Ева Созовска Белчовска и клиничкиот психолог Маја Исаакиду отворено зборуваа на темата „Третман и терапија во менопаузата“.
Многу прашања и одговори, многу разрешени дилеми, многу насоки за во иднина и многу благодарам од ГАК до општината која за оваа тема ги опфати вработените во својата администрација како и вработените во училиштата и во градинките.
Циклусот октомвриски трибини за темата која буквално ја засега секоја жена и која порано или подоцна станува актуелна кај секоја од нив, а останува важна засекогаш продолжи и пред вработените на ПИОМ. Таму обраќање имаше асс. д-р Марија Јоксимовиќ која ги советуваше вработените во институцијата како полесно да се оди по тој пат, оти само со добри патокази тој полесно ќе се изоди.