Царскиот рез е извршување на оперативен зафат, за да се роди бебето.
Царскиот рез се извршува така што се прави рез прво на кожата, салото и мускулите, а потоа и на матката, за да се извади бебето. Откако ќе се извади бебето, се сече папочната врвца, се отстранува плацентата и лекарот ја зашива раната.
Гинекологот препорачува царски рез ако смета дека е тоа е побезбедно отколку спонтаното породување. Некои царски резови се однапред закажани, но повеќето се прават откако ќе се појават можни компликации за време на породувањето.
Вообичаени причини за царски рез се бременост со двојки, тројки и.т.н., инфекции кај мајката, ако мајката има висок крвен притисок или има проблем со обликот на нејзината карлица, кога постои проблем со плацентата, со папочната врвца, всушност кога демне опасност да се прекине доводот на кислород до бебето.
Одлуката породувањето да се изврши со царски рез се носи и кога бебето е во карлична положба, кога тоа е во опасност, на пример, има успорен срцев ритам, ако бебето не може да се спушти низ цервикалниот канал.
Ако мајката веќе се породила со царски рез во минатото, или ако претходно веќе била извршена поголема операција на матката, исто така, најчесто се препорачува царски рез при породување.