Врз основа на член 155-б, 155-ж став 1,2,3,4 и 5, 156, 157 став 1 алинеја 1, 158, 159, 160, 161, 164-а, 164-б, 164-в и 164-г од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија бр.43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/2015, 61/15, 154/15, 17/16, 37/16, 20/19, 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22, 236/22, 199/23, 236/23, 263/23 и 30/24, 74/24 и 170/24), член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/18, 198/18, 143/19, 14/20 и 208/24), а согласно член 22 став 4 и член 23 став 1 од Законот за работни односи (Службен весник на Република Македонија бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15,72/15, 27/16, 120/18, 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23 и 39/25), Годишниот план за вработување на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство за 2025 година, Правилникот за систематизација на работни места на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје бр.0101-2362/1 од 04.11.2019 година, Согласноста за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии на РСМ бр. 04-215/12 од 05.03.2025 година, како и Одлука за распишување на јавен оглас бр.04-658/2 oд 09.04.2025 година, Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на здравствени работници на неопределено време
- ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје има потреба за вработување на неопределено време на работно место:
1.1. доктори на специјализација по гинекологија и акушерство – двајца (2) извршители;
1.2. доктор на специјализација по анестезиологија со интензивна медицина – еден (1) извршител;
- Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови и тоа:
- да е државјанин на РСМ;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност;
- да не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење професија, дејност или должност.
- Покрај со закон утврдените општи услови, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве посебни услови:
- завршено високо образование со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Медицински факултет;
- положен стручен испит;
- лиценца за работа;
- постигнат просечен успех од сите предмети на сите циклуси на универзитетски студии кои ги завршил кандидатот од најмалку осум (во натамошниот текст: просечен успех);
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место;
- одобрена специјализација по (1.1) специјалност гинекологија и акушерство; (1.2) специјалност анестезиологија со интензивна медицина;
- кандидатите кои имаат завршено прв, втор или трет циклус на студии од областа на медицинските или стоматолошките науки, односно фармација, на еден од 100 највисоко рангирани факултети на Shanghai Ranking – ARWU (Academic Ranking of World Universities) не треба да ги исполнуваат посебните услови од член 164-б од Законот за здравствена заштита- точка 3, алинеја 4,5,6 и 7 од овој оглас, ниту пак за нивното вработување се спроведува постапка за селекција на кандидат.
- со или без работно искуство.
- Кандидатите треба да достават:
- пријава со лична биографија (CV) задолжително со податоци за контакт (адреса на живеалиште или престој, број на телефон и емаил адреса) и мотивационо писмо;
- уверение за државјанство на РСМ не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- лекарско уверение за општа здравствена способност не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- уверение-потврда дека не е изречена правосилна забрана за вршење на професија, дејност или должност не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- диплома или уверение со просечен успех за завршен медицински факултет, (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за положен стручен испит (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- лиценца за работа (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- решение за одобрена специјализација по (1.1) специјалност гинекологија и акушерство; (1.2) специјалност анестезиологија со интензивна медицина; (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за работно искуство доколку го има (оригинал или фотокопија заверена на нотар).
- работно време од 40 часа неделно
- основна нето плата 47.396,00 денари
- Рокот за пријавување на јавниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот.
- Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Kомисијата за селекција на кандидати.
- Работоводниот орган на здравствената установа формира комисија за селекција на здравствен работник, која ја спроведува постапката за селекција на кандидат. По извршената селекција на пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите согласно јавниот оглас ќе биде спроведен квалификационен испит согласно со член 164-в и 164-г Законот за здравствена заштита.
- Пријавата со целокупната потребна документација и телефон за контакт, да се достави до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на ул. „Мајка Тереза” бр.17, по пошта или во архивата на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, a со назнака за „Јавен оглас за вработување”.
ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје