Врз основа на член 155-в, 155-д, 155-е, 155-ж став 1,2,3 и 5, 156, 157 став 1 алинеја 1, член 158, 159, 160 и 161 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија бр.43/12, бр.145/12, бр.87/13, бр.164/13, бр.39/14, бр.43/14, бр.132/14, бр.188/14, бр.10/2015, бр.61/15, бр.154/15, бр.17/16, бр.37/16, и 20/19 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/19, бр.153/19, бр.180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22, 236/22, 199/23, 236/23, 263/23, 30/24, 74/24 и 170/24), член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), а согласно член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на Република Македонија бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 27/16 и 120/18, 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), Правилникот за систематизација на работни места на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје бр.0101-2362/1 од 04.11.2019 година, Позитивно мислење за изменет годишен план за вработување од Министерство за јавна администрација на РСМ бр.04-370/6 од 26.03.2025 година, Согласноста за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии на РСМ бр.04-372/33 од 06.05.2025 година, како и Одлука за распишување на јавен оглас бр.04-990/2 од 03.06.2025 година, Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на здравствени работници и помошно-технички лица на неопределно време
- ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје има потреба за вработување на неопределено време на:
- 4 (четири) лица на работно место-дипломирана медицинска сестра-акушерка;
- 7 (седум) лица на работно место-медицинска сестра со ССС;
- 1 (едно) лице на работно место-акушерка со ССС;
- 2 (две) лица на работно место- работник со ССС-одржувач на хигиена и разнесувач на пациенти и медицински материјали;
- 1 (едно) лице на работно место перач-пеглач
- 2. Сите кандидати треба да ги исполнуваат општите услови и тоа:
- да е државјанин на РСМ;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност;
- да не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење професија, дејност или должност
- Покрај со закон утврдените општи услови под точка 2, сите кандидати треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
3.1 За кандидатот под точка 1.1. дипломирана медицинска сестра – акушерка
- завршено високо стручно образование од областа на медицината, стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- положен стручен испит;
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- со или без работно искуство
3.2 За кандидатот под точка 1.2. – медицинска сестра со ССС
- завршено средно медицинско образование;
- положен стручен испит;
- познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- со или без работно искуство
3.3 За кандидатот под точка 1.3. – акушерка со ССС
- завршено средно медицинско образование;
- положен стручен испит;
- познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- со или без работно искуство
3.4 За кандидатот под точка 1.4. – работник со ССС-одржувач на хигиена и разнесувач на пациенти и медицински материјали
- завршено средно образование;
- со или без работно искуство
3.5 За кандидатот под точка 1.5. – перач-пеглач
- завршено средно образование (гимназиско) или стручно образование
(електро-машинска струка/правна струка);
- со или без работно искуство
- Во прилог на пријавата сите кандидати треба да достават:
- пријава со лична биографија (CV) задолжително со податоци за контакт (адреса на живеалиште или престој, број на телефон и емаил адреса) и мотивационо писмо;
- уврение за државјанство на РСМ не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- лекарско уверение за општа здравствена способност не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- уверение-потврда дека не е изречена правосилна забрана за вршење на професија, дејност или должност не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар)
4.1 Во прилог на пријавата кандидатот за исполнување на посебни услови за работно место под точка 1.1. дипломирана медицинска сестра – акушерка е должен да ги достави и следните документи:
- диплома за завршено високо стручно образование од областа на медицината, во која е наведен постигнатиот успех (оргинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за положен стручен испит (оргинал или фотокопија заверена на нотар);
- сертификат за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење(оргинал или фотокопија заверена на нотар);
- сертификат за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) (оргинал или фотокопија заверено на нотар);
- доказ за работно искуство доколку го има (оргинал или фотокопија заверена на нотар);
Распоред на работно време
- работно време од 40 часа неделно во смени
- основна нето плата 39.407 денари
4.2. Во прилог на пријавата кандидатот за исполнување на посебните услови за работно место под точка 1.2 медицинска сестра со средно медицинско образование е должен да ги достави и следните документи:
- уверение (диплома) за завршено средно медицинско образование за медицинска сестра (со просек на успех) и тоа сведителства од сите 4 (четири) години во кое е наведен успехот за секоја година посебно (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за положен стручен испит (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење (оригинал или заверено на нотар);
- доказ за работно искуство доколку го има (оригинал или фотокопија заверена на нотар)
Распоред на работно време
- работно време од 40 часа неделно во смени
- основна нето плата 34.736,00 денари
4.3. Во прилог на пријавата кандидатот за исполнување на посебните услови за работно место под точка 1.3 акушерка со средно медицинско образование е должен да ги достави и следните документи:
- уверение (диплома) за завршено средно медицинско образование за акушерка (со просек на успех) и тоа сведителства од сите 4 (четири) години во кое е наведен успехот за секоја година посебно (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за положен стручен испит (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење (оригинал или заверено на нотар);
- доказ за работно искуство доколку го има (оригинал или фотокопија заверена на нотар)
Распоред на работно време
- работно време од 40 часа неделно во смени
- основна нето плата 34.736,00 денари
4.4. Во прилог на пријавата кандидатот за исполнување на посебните услови за работно место под точка 1.4- работник со ССС-одржувач на хигиена и разнесувач на пациенти и медицински материјали е должен да ги достави и следните документи:
- диплома за завршено средно образование (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за работно искуство доколку го има (оригинал или фотокопија заверена на нотар)
Распоред на работно време
- работно време од 40 часа неделно во смени
- основна нето плата 27.989,00 денари
4.5. Во прилог на пријавата кандидатот за исполнување на посебните услови за работно место под точка 1.5- перач-пеглач е должен да ги достави и следните документи:
- диплома за завршено средно образование (гимназиско) или стручно образование
(електро-машинска струка/правна струка) (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за работно искуство доколку го има (оригинал или фотокопија заверена на нотар)
Распоред на работно време
- работно време од 40 часа неделно
- основна нето плата 27.989,00 денари
- 5. Рокот за пријавување на јавниот оглас е 8 (осум) дена од денот на објавувањето на огласот.
- Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Kомисијата за селекција на кандидати.
- По извршената селекција само за пријавените кандидати за работно место под точка 1.1; 1.2 и 1.3 кои ги исполнуваат условите согласно јавниот оглас, ќе биде спроведен квалификационен испит согласно член 160 од Законот за здравствена заштита.
- Пријавата со целокупната потребна документација и телефон за контакт, да се достави до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на ул. „Мајка Тереза” бр.17, по пошта или во архивата на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, a со назнака за „Јавен оглас за вработување”.