Исклучително важен ултразвучен преглед кој се врши од 22 до 26 недела во беменоста се нарекува 4Д ултразвучен преглед. Во текот на овој преглед детално се анализираат мозочната структура, лицето, вратот, срцето и големите крвни садови на бебето, `рбетниот столб и континуитетот на стомачниот ѕид, дијафрагмата, бубрези, бешиката, гениталиите, екстремитетите, папченикот, постелката, плодовата вода, како и протокот на крвта низ одредени крвни садови на плодот и на мајката.
Во последните години хит во светот како најнапредна технологија, станува четиридимензионалниот ултразвучен преглед. Оваа напредна технологија е од непроценливо значење за откривање одредени недостатоци на плодот, посебно надворешни манифестации како: расцепена или зајачка уста, криво стапало, недостиг на прсти, неправилна форма на глава итн. Обичниот ултразвук испраќа ултразвук во стомакот на трудницата и чека звукот да се врати, а со тоа настанува слика од бебето.
За разлика од стандардниот ултразвучен приказ во вид на силуети и сенки, 4Д прегледот буквално на сликата и дава чувство на длабочина и просторна ориентација. Разликата е еквивалентна меѓу слика и скулптура. На мониторот, идната мајка за време на прегледот може да следи како се поместува нејзиното бебе, а гинекологот со помош на таа техника лесно дознава дали бебето правилно се развива. Овие прегледи се задолжително само доколку ви ги препорача лекарот, а во спротивно не се.