МИСИЈА
Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство е терциерна здравствена установа која нуди здрава иднина на женската популација и нивните семејства, преку врвна здравствена грижа, едукација и истражување.
ВИЗИЈА
Секоја жена и новороденче во државата и во регионот да имаат соодветен пристап до врвна здравствена грижа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, од областа на гинекологијата, акушерството и перинатологијата, грижа која е ориентирана кон пациентот и кон неговото семејство.