Одложувањето на менструацијата е можно со употреба на прогестерон. Се преферира одложување на времето на менструација пред патување или друг важен настан, но не за време на менструацијата (на овој начин се избегува употребата на лекарства во текот на патување).
Жените кои се на комбинирани контрацептивни лекови го користат ова за одложување на менструацијата.
Жени кои не користат орални контрацептиви
Безбедноста на прогестеронот во текот на рана бременост е непозната.
Бременост, затоа е контраиндикација. Контрацепција (интраутерина влошка, кондом, апстиненција) мора да се користи во текот на третманот.
Продукти
- Норетистерон
o 5 mg два пати дневно (три пати дневно, доколку се појави крвавење) максимум 14 дена. Со третманот се започнува најмалку три дена пред очекуваното започнување на менструација. Крвавењето почнува 2–3 дена по прекинување на третманот.
- Линестренол
o 10 mg дневно (обично е доволна доза).
Се користи исто така кога се посакува подолг период на аменореа (повеќе од 14 дена). Две таблети навечер. Со третманот се започува 4–5 дена пред очекуваното започнување на менструацијата. Со третманот се продолжува, сè додека се има потреба од аменореа. Доколку се појави пробивно крвавење, дозата може да се зголеми на 15 mg на ден за 3-5 дена.
Оние кои користат монофазни комбинирани орални контрацептиви можат да продолжат со земање на таблетите од следната лента, со испуштање на вообичаениот период на пауза.
Можно е да се продолжи со земање на таблетите без пауза, сè додека аменореата е потребна, на пример, може да се земат цели две ленти една по друга, по што се прави пауза од 7 дена (период без таблети).
Важно! Во поновите препарати периодот без таблети е заменет со плацебо таблети: тие треба да не се зeмаат и да се започне со нова лента, со цел да се одложи менструацијата. Крвавењето започнува 2–4 дена по последната таблета. По пазуа од 7 дена, препаратот може да се користи како и обично.
Оние кои користат секвенционирани, бифазни или трифазни комбинирани орални контрацептиви можат да продолжат да ги земаат таблетите како што е опишано погоре, но само последните 10 таблети од новата лента се користат, бидејќи тие содржат повеќе прогестерон. Ова ке го спречи почетокот на менструацијата.
Нивото на прогестерон во оралните само прогестеронски контрацептивни мини таблети е премногу мало за да може да ја одложи менструацијата, затоа жените кои ги користат треба да земаат норетистерон, како што е опишано погоре. Сепак, тие исто така, треба да продолжат со земање на дневните дози на прогестерон, како и обично.
Оние кои користат орални чисто прогестеронски контрацептиви, можат да ги заменат со комбинирани орални контрацептиви во текот на нивното патување, доколку не постојат контраиндикации за употреба на естроген.