Марјан Стојовски

(Раководител на оддел за малигни заболувања на матката)

dokmarjan@yahoo.com;

Милошевска Розета

(Одговорна медицинска сестра акушерка -на ниво на оддел за малигни заболувања на матката)

ОДДЕЛ ЗА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА НА МАТКАТА има простор, опрема и медицински кадар за извршување на високо специјализирана здравствена заштита (специјалистичко-супспецијалистичка, консултативна, болничка и наставно–научна дејност).

 

На одделот се спроведува скрининг, дијагностика и третман на малигни болести на матката. Се обавуваат гинеколошки интервенции за кои е потребно пошироко хируршко искуство, како што се екстензивни радикални операции, циторедуктивни операции за оваријален карцином и екстензивните и систематски лимфаденектомии. Работата на одделот содржи евалуација, предоперативна и постоперативна нега на пациентките со наведената патологија, но и од други области на гинекологијата. Пациентките задолжително поминуваат низ проценка од страна на Онколошки конзилиум, чија одлука се спроведува во најголем дел од случаите. Со дијагностичките процедури им се олеснува на пациентките и се доаѓа до посакуваниот ефект.

 

Се користат современи тераписки протоколи и методи според препораките од Законот за здравствена заштита, во склад со протоколите од Медицина базирана на докази објавени во Службен весник 2014 година и надополнети во 2015 година.