Сите елементи на кожата се присутни при раѓањето, но функционално кожата е уште незрела и ќе поминат и неколку години додека сосема се оспособи за својата улога. Затоа правилната нега на кожата од раѓање е многу битна за да се зачува нејзиното здравје и да се овозможи правилен развој.
Заштитата на липидниот слој, со правилна нега на кожата на новороденчето, е клучниот фактор за здравјето на кожата.
Површината на кожата е благо кисела – pH изнесува околу 5,5. Токму тој кисел заштитен слој го оневозможува размножувањето на штетните бактерии и габи на површината на кожата. Исто така, благо киселиот pH на кожата ја поттикнува бариерната функција на кожата, стабилизирајќи ги липидите во кожата кои така го спречуваат губењето на водата и пробивот на микробите во кожата. Промената на pH кожата ја прави чувствителна на дехидрација, на инфекции, иритации и на алергии. Дури и секојдневната нега на кожата може да ја оштети нејзината заштитна бариера, особено ако не се применуваат производи што се наменети за детска кожа и кои имаат pH вредност околу 5,5. Таа ознака, за жал, се наоѓа и на многу производи кои не се тоа.
Не
е потребно бебето да се бања секој ден, иако секојдневниот ритуал често делува
смирувачки за него. Бебето речиси секогаш плаче при првиот контакт со вода, но
не паничете поради тоа.
Идеалната температура на водата треба да е околу 36-37 степени, а просторијата
во собата помеѓу 24 и 26 степени. Првите месеци не треба да се користат сапун и
пена за бањање, затоа што сапунот кај новороденчињата ја пореметува физиолошки
заштитната флора на кожата, од каде и има предиспозиција да се развие
инфекција. Најдобро е бањање во чиста вода, со повремена употреба на синдет,
наменет за детска кожа. Ph на синдетите одговара на pH на бебешката кожа.